Хистопатолошка класификација Печати

Анатомско место на потекло

  • Карциномите на усната празнина може да потекнуваат од една од следните посебни анатомски структури: предните две третини на јазикот, усната слузница (букална мукоза), подот на усната празнина, горната и долна гингива и тврдото непце.
  • Како анатомско место на потекло на орофарингеалние тумори се јавуваат: базата на јазикот и задниот фарингеален sид.

Карциномите на усната празнина најчесто потекнуваат од подот на усната празнина и од предните две третини на јазикот, додека 60% од орофарингеалните карциноми потекнуваат од тонзиларната регија (крајниците), 25% од базата на јазикот, 10% од мекото непцe и 5% од sидот на голтникот (фаринкс).

Патологија

Најчест хистолошки тип на тумор на усната празнина и орофаринксот е планоцелуларниот карцином (90-95%). Во ова подрачје може да се јават и жлездени карциноми со потекло од малите плунчни жлезди, а многу поретко лимфоми, малигни меланоми, плазмоцитоми и саркоми.

Планоцелуларните карциноми може клинички да се манифестираат како егзофитични тумори и тие се обично добро диференцирани, добро прокрвени, со добра снабденост на клетките со кислород, поради што и се повеќе радиосензитивни од туморите кои имаат изразен инфилтративен (продирачки) раст. Инфилтративните тумори се ендофитични, често улцерираат, се шират по површината на слузницата и вршат нејзина инфилтрација, но растејќи и во длабочина, предизвикуваат директна инвазија во блиските мускули и коски.

Богатата мрежа на лимфни капилари во супмукозното ткиво овозможува често метастазирање на карциномите на усната празнина и орофаринкс во лимфните јазли на вратот.

Појавата на далечни метастази е најчеста кај карциномите на базата на јазикот и на тонзиларната регија (крајниците). Највисока инциденца на далечно метастазирање постои кај пациентите со присутни тумори или со рецидив (30%).

Далечните метастази најчесто се јавуваат во белите дробиви и коските, а многу поретко во медијастимунот (среднишниот дел на градниот кош).