Градус и стадиуми Печати

Одредување на стадиум и градус на туморите

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите (TNM-tumor, nodus, metastasa) класификацијата и систем и AJCC (American Joint Comittee on Cancer) системот на стадиумско групирање.

TNM класификација

Примарен тумор (Т)

ТX: Примарниот тумор не може да биде проценет,

Т0: Нема доказ за примарниот тумор,

Tis: Carcinoma in situ,

Т1: Тумор ≤ 2 cm во најголемиот дијаметар,

Т2: Тумор >2 cm но ≤4 cm во најголемиот дијаметар,

Т3: Тумор >4 cm во најголемиот дијаметар,

Т4: (усна) Тумор што врши инвазија на кортикална коска, долниот алвеоларен нерв, подот на усната празнина, или на кожата на лицето, образот, или носот,

Т4а: (усна празнина) Тумор што врши инвазија во соседните структури (кортикална коска, длабоката надворешна мускулатура на јазикот, максиларниот синус и кожата на лицето)

Т4b: Тумор што врши инвазија на мастикаторниот простор, птеригоидната рамнина, или базата на черепот и/или внатрешната каротидна артерија.

Регионални лимфни јазли (N)

NX: Регионалните лимфни јазли не можат да се проценат,

N0: Нема метастази во регионалните лимфни јазли,

N1: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, ≤3 cm во најголемиот дијаметар,

N2: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, >3 cm но <6 cm во најголемиот дијаметар, или во мултипли лимфни јазли ≤6 cm во најголемиот дијаметар, или во билатерални или контралатерални лимфни јазли, ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N2a: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, >3 cm но <6 cm во најголемиот дијаметар,

N2b: Метастази во мултипли лимфни јазли ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N2c: Метастази во билатерални или контралатерални лимфни јазли, ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N3: Метастаза во лимфен јазол >6 cm во најголемиот дијаметар.

Постојат 3 стадиуми за клинички позитивните лимфни јазли: N1, N2 и N3. Употребата на подгрупите a, b и c не е задолжителна, но се препорачува. Лимфните јазли долж средната линија се сметаат како хомолатерални лимфни јазли.

Далечни метастази (М)

МX: Далечните метастази не можат да се проценат,

М0: Нема далечни метастази,

М1: Далечни метастази.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

Групирање според AJCC стадиуми

Стадиум I

Т1 N0 М0

Стадиум II

Т2 N0 М0

Стадиум III

Т3 N0 М0

Т1 N1 М0

Т2 N1 М0

Т3 N1 М0

Стадиум IVA

Т4а N0 М0

Т4а N1 М0

Т1 N2 М0

Т2 N2 М0

Т3 N2 М0

Т4а N2 М0

Стадиум IVB

Т4b, кое било N, М0

кое било Т N3 М0

Стадиум IVC

кое било Т, кое било N, М1