Древни вештини - акупресура Печати

Можеби ниедна терапија во светот не е толку стара како акупресурата. За неа се вели дека е стара колку и самиот човечки инстинкт. Така, природна реакција е да со раката го допреме местото на кое сме почувствувале болка или непријатно чувство.

Суштината на акупресурата, која во тек на изминатите милениуми ја усовршувале Кинезите, се сведува на тоа да на местото кое боли му се возврати со иста мерка т.е. со јак притисок.

Древните Кинези можеби поинаку би ја дефинирале акупресурата: за да ви се намали болката и да ви се воспостави равнотежа и склад помеѓу телесните сиситеми, ќе ви помогне акупресурата.

Но, и акупресурата има два пристапи: еден е „aku-yoga“, а другиот е „Do-in“.

Во првиот случај се користи длабоко дишење, притисок со прстите, медитација и истегнуавање, а во другиот случај се користи истегнување и дишење, но посебно внимание се посветува на јаките техники кои ги стимулираат акупресурните точки и меридијани.

Древна вештина

Со едноставен притисок на меридијаните, а тоа се патиштата кои ги поврзуваат површината на телото и внатрешните органи, може да се отстранат, или да се ублажат низа на тегоби, како: воспоставување на душевна и телесна хармонија и отстранување на стресот, кој пак од своја страна ја појачува болката, лекување на депресијата, нервозата, вознемираноста.

Истовремено, овие меридијани се и водичи према „chiju” (Qi) – виталната енергија, која ја поседува секое живо битие. Познато е дека меридијаните се патишта кои ги поврзуваат акупресурните точки една со друга, како и со внатрешните органи. Како што во крвните садови тече крвта која физички го одржува телото, така и меридијаните се канали по кои виталната енергија се движи низ човековото тело. Тие, всушност, претставуваат дел од комуникацискиот систем на униварзалната животна енергија, кои ги поврзуваат органите со сите сетливи, физиолошки и емотивни центри на организмот.

Некои исцелители ја поврзуваат акупресурата со вежбите на дишење, медитацијата и мудрите (различна положба на рацете), додека пак другите ја комбинирале со растителните екстракти и масажата. Како и да е, акупресурата е всушност пресофлексотерапија, која се темели на стимулирање на механорецепторите по пат на притисок во зоните на акупунктурата.

Правилната употреба да оваа техника подразбира користење на основните начела на класичната масажа: триење, разбивање, истегање, вибрации и друго. Најчесто се изведува со врвот на еден, два или три прста, а поретко со површината или базата на целата шака.

Прсти наместо игли

Покрај тоа што ја намалува болката, акупресурата помага и за повторно воспоставување на равнотежата на телото, ја отстранува напнатоста и стресот, кој го оневозможува нормалното функционирање на организмот и негативно влијае на имунитетот. Таа му овозможува на телото да се приспособи на промените во околинината во која егзистира, а на тој начин и им пружа отпор на болестите.

Кога мускулот е хронично напнат или во грч, вели Др. Michael Reed Gach, директор на Институтот за акупресура во Berkeley (Kalifornija), мускулните влакна се грчат поради излачувањето на млечната киселина до кое доаѓа поради премореност, стрес, траума, хемиска неравнотежа или лоша циркулација.

На пример, доколку сме под стрес, ќе се јават потешкотии во дишењето. Одредени акупресурни точки ја намалуваат напнатоста во белите дробови и помагаат да се дише подлабоко.

Од друга страна пак, кога се врши притисок на одредена точка, напнатоста на мускултите попушта, овозможувајќи им на влакната да се опуштат, а крвта слободно да протекува. Со тоа се овозможува и подобро елиминирање на отровите од телото. Токму тоа ја зголемува телесната отпорност на организмот према болеста и овозможува подолг, поздрав и психички порелаксиран живот.

Акупресурата ги користи истите точки како и акупунктурата. Основна разлика е во тоа што кај акупунктурата се користат специјални игли, а кај акупресурата се користи притисок со дланката, прстите, па дури во некои техники и притисок со стопалото. Предноста на акупресурата е во тоа што е многу едноставна и може да се изведува било каде и било кога. Акупресурата може да ни помогне кога сме вознемирени, кога сме под стрес и кога сакаме повторно да воспоставиме внатрешен мир и равнотежа.

Ние често влијаеме и несвесно. Така, ние си помагаме дури и тогаш кога ќе ги протриеме дланките една од друга, се додека тие не се загреат. Така настанува поле на магнетен напон кое ги стимулира тековите на животната енергија во телото, па телото и духот ги доведува во состојба на хармонична уравнотеженост. Добро е потоа, како што велат исцелителите, рацете да се тријат во ладна вода околу 5 минути, со што ќе се ослободиме од преостанатата негативна енергија.

Акупресурата како помош на медицинската терапија

Иако акупресурата не може да ја замени медицинската терапија, сепак, таа е нејзино извонредно надополнување. Таа е една од наједноставните начини да се овозможи и постигне равнотежа и душевна хармонија. Акупресурата може да им помогне на болните со карцином, намалувајќи го интензитетот на хроничната болка, но и со отстранување на стресот, вознемиреноста, депресијата, и пореметувањата во спиењето, кои настануваат како резултат на постоењето на тешката болест.

Акупресурата посебно помага во контролата на стресот, кој се јавува кога јаките емоции не се изразуваат слободно. Тогаш доаѓа до напнатост која се таложи во мускулите. Акупресурата помага за повторно воспоставување на емотивна равнотежа со ослободување на насобраната напнатост, која ја предизвикале јаките емоции.