Зелениот чај - богат извор на полифеноли Печати
alt

Неодамна е откриено дека полифенолите од некои растенија се јаки антиоксиданси. Утврдено е дека зелениот чај како напиток има најголема количина на полифенол. Една шолја зелен чај содржи 300-400 мг.,секако, под услов да е чајот доволно густо припремен, или стручно кажано, ако содржи сува материја од 8-12%.

Откриено е дека народите кои пијат многу зелен чај имаат помала стапка на смртност од некои врсти на рак и како и од други заболувања.

Се претпоставува дека некоја од компонентите на зелениот чај, по подолга негова употреба, го блокира дејството на ензимот урокиназа. Овој ензим, растварајќи го протеинот од здравите клетки, помага да се на негово место населат клетките на ракот и да се развие механизмот за нивно хранење и размножување. Оваа лековита компонента во зелениот чај, во научните кругови е наречена epigalokatehin galat (ECGC). Доколку се прекине процесот на исхрана на клетките на ракот, тие се осудени на гладување и постепено умираат. За ова откритие помогнало компјутерското моделирање на синтетско средство за блокада на ензимот урокиназа. Epigalokatehin galat може успешно да се изолира од зелениот чај, и во лабораториски услови, тој ја блокира урокиназата.

Останува уште многу да се направи пред да се ова откритие и практично искористи, но недвосмислен е фактот дека зелениот чај е многу здрав напиток.

Доказ за ова се и бројните епидемиолошки испитувања кои се направени, посебно во Јапонија. Статистиките покажуваат дека брзината на умирање од рак е многу помала во некои области, како на пример во Shizuoka. Биле изработени прецизни карти по кои се дошло до податоци дека не само што е намален бројот на умрени од рак и кај мажите и кај жените, туку битно била намалена и појавата на ракот на хранопроводникот, желудникот и црниот дроб. Оваа област е позната по производство на зелен чај, кој претставува секојдневен напиток. Кај овие луѓе постои секојневна навика да пијат зелен чај и тоа во големи количини.

На Институтот за рак на Пекиншкиот Универзитет биле направени класични лабораториски испитувања, при кои, на вештачки начин кај глувците бил предизвикан рак на хранопроводникот, на желудникот и на црниот дроб. Потоа, на половина од испитуваните глувци им бил даван екстракт од зелен чај, а на другата половина не. Резултатот од ова испитување покажал дека кај глувците кои добиле екстракт од зелен чај, појавата на рак била за 50% помала.

Исти или приближно слични резултати биле добиени и при екпериментот на универзитетот во Токио, каде наместо екстракт од зелен чај, бил даван катехин, кој бил добиен од зелениот чај.

Се претпоставува дека активната супстанција на зелениот чај, катехимот, по пат на блокирање на ензимот, урокиназа, делува на двата степени на карциногенезата т.е. на иницијацијата и на промоцијата, а тоа не било познато до неодавна.