Селенот во превенција на ракот Печати

Како делува селенот?

Селенот има силно антиоксидациско дејство при што го засилува и антиоксидацискиот ефект на витаминот Е. Тој е составен дел на многу ензими, првенствено на glutation peroksidazа (GSH-PX), кој делува на имуниот систем. Ако селенот го нема доволно во организмот, (а тоа често се случува) послабо функционира и имуниот систем.

Покрај тоа, селенот ја активира и програмираната смрт (апоптоза) на клетките на ракот во организмот. Тој учествува во формирање на клетките чистачи-убици (natural killer cells), кои се директно вклучени во процесот на одбрана на телото од надворешните штетни влијанија.

Селенот, исто така, го кочи (инхибира) стварањето на простагландини, кои предизвикуваат воспалителна состојба, па може да се рече дека индиректно делува и антивоспалително.

Мора да се напомене дека селенот е суплемент чија граница помеѓу корисните и штетните (токсични) ефекти е многу тесна. Зависно од дозата, селенот може да штити од појава на рак или да го предизвика.

Последната голема истражувачка студија на селенот, со двојна слепа проба на 1300 луѓе, го покажала следното: групата на испитаници која во тек на 7 години примала 200/ug селен дневно, имала намалување на смртноста од рак за 50% во однос на плацебо групата (групата која не примала селен).

Друга научна истражувачка студија дала уште поинтересни податоци: мажите кои со храната добивале поголемо количество на природен селен (утврдено со анализа на дневниот внес), имале 65% помалку рак на простата.

Додавањето на селен во секојдневната исхрана се покажало корисно кај популацијата која живее во подрачја каде во земјата недостасува селен. Тоа значи дека селенот го нема доволно и во храната и во водата во тие области. Во таквите места, благодарение на додавање на селен, било регистрирано намалување на појава на хепатит.

Селенот е стимулатор и на хормонот од штитната жлезда, па во негов недостаток доаѓа до појава на хормонални пореметувања.

Во двојна слепа клиничка студија се потврдило дека на некој начин (се уште не е откриено на кој), селенот ја нормализира подвижноста на сперматозоидите, што е честа причина за неплодност кај мажите.

Селенот го засилува антиоксидациското дејство на витаминот Е.

Селенот се препорачува за превенција на ракот, посебно за превенција на ракот на простатата. Тој се препорачува посебно кај лица кои имаат повеќе фактори на ризик за да заболат од рак на простата.

Објавени се голем број на експериментални трудови на тема селен и појава на рак и секогаш се доаѓало до ист закучок: Таму каде што селенот го има во храната или тој вештачки се додава, помал е процентот на заболени од рак.

Селенот не е лек против рак, но може значително да помогне.

Каде го има селенот?

Селенот го има во: бразилскиот орев, квасецот, целото зрно на житариците, морската храна. Може да се прима и во облик на таблети или капсули.

Дозирање и препораки

Многу лекари кои се бават со нутриционизам, препорачуваат 200 /ug. селен дневно во подолг временски период. Се препорачува континуирано земање на селен кај лица над 50 години.

Дозата од 200 /ug селен дневно се смета за сигурна. Доза од 1000 /ug. селен дневно може да биде опасна по здравјето, доколку се зема подолго време, бидејќи селенот во така големи дози е токсичен и канцероген.

Со најновата препорака од 11. април 2000 година, Институтот за Медицина на Американската Академија на Науки (Food and Nutrition Board of the National Academy of Science), ја намалил препорачаната дневна доза на селен за возрасните мажи и жени на 55 /ug. Истовремено е одредена и максималната доза на селен која изнесува 400 /ug.

Една студија покажала дека мажите кои земаат 200 /ug селен секој ден помалку заболуваат од рак на простата од оние мажи кои не земале селен.

Во тек е голема клиничка студија која вклучила 32 000 мажи. Реултатите од ова студија, позната како SELECT студија (Selenium and vitamin E Cancer Prevention Trial), се очекува да бидат објавени во 2013 година.

Негативни ефекти и токсичност

Кога се земаат дози поголеми од препорачаните, може да се јават пореметувања во растот на ноктите, осип на кожата, како и пореметувања во нервниот систем.

Затоа се вели дека селенот е „нож со две острици“, а сигурносната доза е многу мала.