Шафран – здрав зачин и природен лек за здрав и остар вид Печати

Шафранот, зачин кој ја дава жолтата боја на јадењата, помага во одржување на здрав и остар вид, покажале резултатите од најновите истражувања.

Тестирањата покажаа дека овој зачин ја ублажува макуларната дегенерација, најчеста причина за слепило кај постарите луѓе.

„На пациентите кои земаа таблети од шафран им се подобри видот“, изјавиле научниците од Универзитетот во Сиднеј, каде било спроведено ова истражување.

Постојат неколку третмани за макуларната дегенерација, но нема лек.