Листовите од рузмаринот го стимулираат растот и обновувањето на косата Печати

Рузмаринот е добро позната и популарна медитеранска билка, која одушевува со својот пријатен мирис. Лисјата од рузмаринот се користат со векови како традиционален лек. Истражувањата покажаа дека рузмаринот го стимулира растот на косата и ја регенерира. Добра вест е дека рузмаринот ја подобрува и меморијата и циркулацијата на крвта.

Чајот од рузмарин може да се користи како тоник за испирање на косата, кој ќе и даде сјај. Тој, исто така, помага и во борбата против првутот. Кога се комбинира со коњска опашка, рузмаринот помага при испаѓање на косата, кое се јавува како резултат на стрес и грижи.

Подгответе чај од рузмарин за регенерирање на косата:

Прелијте со чаша врела вода 2-3 лажички свежи или суви лисја рузмарин и оставете да стојат 10 минути. Пијте две чаши чај дневно за да го спречите губењето на косата поради слаба циркулација, но и да го стимулирате растот по примена на хемотерапија.

Рузмаринот има повеќе лековити својства.

Благотворното дејство на рузмаринот