Лековити својства на маслото од ночурак Печати

Како додаток на исхраната, маслото од ночурак може да помогне во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта, во снижувањето на високиот крвен притисок и во намалувањето на телесната тежина.

Ова масло ги олеснува предменструалните болки, го намалува екцемот, а помага и во лекувањето на некои полесни случаи на реуматоиден артрит, го успорува прогресивниот тек на мултиплата склероза, помага при хиперактивност кај децата, ги јакне коскитe.

Активната состојка на маслото од ночурак е гама –линолинската киселина, која на организмот му е поребна за да произведува хормони слични на супстанците простагландини, кои се од витално значење за доброто здравје.

Посебно маслото од ночурак е корисно за жените во периодот на менопаузата.

За да се зголеми внесот на гама – линолинската киселина која ги намалува нападите на топлотни бранови, сувоста на вагината и промените во расположението, корисно е да се користи во менопаузата масло од ночурак, кое се добива од семето на истоимената билка.

Гама – линолинската киселина е масна киселина која припаѓа на групата омега 6 масни киселини. Оваа масна кислеина ја содржи и семето на црната рибизла, бораго и конопља. Маслото од ночурак е подложно на оксидација, многу е нестабилно во присуство на кислород и трагови од железо, цинк и бакар, па затоа е пожелно да препаратот содржи и некој антиоксиданс како заштита, на пример витамин Е.

Маслото од ночурак делува заштитно на кожата и слузниците, антивоспалително и ја спречува тромбозата. Тоа благотворно делува и на крвниот притисок. Несакантие ефекти се ретки. Можна е негова интеракција со нестероидните антиреуматици, со аспиринот, варфанот, лукот и гинко билоба.