Следење по третман Печати

Следењето на пациентите со врши со физикален преглед, кој се изведува еднаш месечно во текот на првата година по завршувањето на лекувањето, а потоа на два месеца во текот на втората година и понатаму на секои три месеци.

Индиректна ларингоскопија се изведува на секои три месеци, а рендгенграфија на белите дробови се прави на секои шест месеци, во првите две години по завршување на лекувањето, а потоа еднаш годишно.

Директна ларингоскопија со евентуална биопсија од сомнителната лезија во гркланот се прави при постоење на симптоми за присутен локален рецидив.