Дијагностички постапки кај ларингеалниот карцином Печати

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања, инвазивни дијагностички процедури (за цитолошка и хистолошка дијагноза), радиоизотопски и ехотомографски испитувања.

Првична дијагностична процедура кај ларингеалниот карцином се анамнезата и физикалниот преглед, после кои следат и други дополнителни дијагностички процедури.

Анамнеза и физикален преглед

При анамнезата, особено се обрнува внимание на присутните симптоми и знаци на болеста. Така, при земањето на анамеза, лекарот посебно обрнува внимание на траењето на засипнатоста, како и на другите присутни симтпоми и назци на болеста. Исто така, при анамнезата се земаат податоци за евентуално присутните фактори на ризик за настанување на ларингеалниот карцином како што се: пушењето, екстензивното консумирање на алкохол, присуството на папиломи на гркланот, хроничен ларингит и друго.

По детално земената анамеза, лекарот прави детален физикален преглед по системи. Лекарот внимателно го прегледува вратот како би се откриле присутните зголемени лимфни јазли и други промени.

Лабораториски испитувања

По анамнезата и физикалниот преглед следи и рутински испитувања на крвта.

Во рутински испитувања спаѓаат: крвна слика и седиментација. Покрај рутинските испитувања, потребно е да се испитаат и хепаталните ензими, алкалната и киселата фосфатаза, уреата, креатининот и електролитите.

Покрај тоа, лекарот користи и други дијагностички процедури за поставување на точна дијагноза. Тоа се:

Индиректна ларингоскопија

Тоа е дијагностичка метода при која лекарот со помош на мало огледало со долга дршка го прегледува грлото. При тоа тој може да види одредени промени на слузнивата на гркланот и да ја оцени подвижноста на гласните жици. Овој преглед е безболен, но мора да се даде локален анестетик во грлото за да се спречи непријатното чувство кое е пропратено со кажлица. Овој преглед се изведува во амбуланта.

Директна ларингоскопија

За оваа дијагностичка процедура се користи ларингоскоп (осветлена цевка) која се внесува во грлото на пациентот преку носот или устата. Како што цевката минува низ грлото, така лекарот ги гледа деловите на гркланот кои не можат да се видат со обичното огледало. Локалната анестезија ја олеснува оваа метода и го намалува непријатното чувство на гушење. На пациентие може да им се даде и благ седатив за да се опуштат. Оваа дијагностичка процедура може да се изведува во амбуланта или во болница.

Биопсија

Ако лекарот при овој преглед открие некои сомнителни промени на слузницата на гркланот, треба да се направи биосија, т.е. да се земе материјал од сомнителната промена. Биопсијата е едиснтвен сигурен начин за откривање на карциномот на гркланот. Пред земањето на биоспија, пациентот прима општа анестезија, а лекарот зема делови од ткивото со помож на ларингоскоп. По земањето на материјалот при биоспијата, тој се испраќа кај специјалист, патолог кој ја поставува дефинитивната дијагноза. Тој микроскопски го прегледува материјалот и поставува хистопатолошка дијагноза т.е. го утврдува хистолошкиот тип на туморот како и неговиот степен на диференцираност т.е. градус.

Кога ќе се постави хистопатолошка дијагноза на ларингеалниот карцином, лекарот мора да го одреди и стадиумот на болеста. Стадиумот на болеста, како и степенот на диференцираноста на туморот се многу важни како за прогнозата на болеста, така и за правилно планирање на третманот, кај секој пациет одделно.

За таа цел, потребни се и некои дополнителни испитувања.

Рендгенграфија на вратот

Нативната рендгенграфија на вратот е прва дијагностичка процедура кај ларингеалниот карцином. Рендгенската снимка може да ни покаже присуство на тумор во пределот на гркланот, како и присуство на зголемени лимфни јазли во пределот на вратот. Сепак, оваа дијагностичка процедура не е доволна за одредување на стадиумот на болеста. Затоа, за проценка на локалната проширеност на туморот се користат: компјутерска томографија и магнетна резонанца на вратот.

Компјутерска томографија на вратот

Компјутерската томографија (КТ) користи посебна опрема со рендген зраци за добивање на слики од телото од различни агли. Податоците се анализираат и се обработуваат со помош на компјутер. Така се добиваат дигитални слики кои прикажуваат пресеци на телото низ органите и ткивата. На тој начин се овозможува тродимензионален детален приказ на надолжни и на напречни пресеци на вратот. КТ е најпрецизна дијагностичка метода.

КТ дава морфолошки изглед на туморот, овозможува да се измери неговата големина, да се утврди прецизната локализација на туморот како и неговата проширеност во околните ткива и структури.

КТ се користи за планирање и за соодветно администрирање на радиотерапијата со помош на КТ симулатор.

КТ се користи за прецизно водење на биопсијата и на другите минимално инвазивни процедури, како и за планирање на хируршкиот третман и за утврдување на операбилноста на туморот.

Оваа дијагностичка процедура е безболна и не дава несакани ефекти.

Магнетна резонанца (МРИ) на вратот

При прегледот со магнетна резонанца се користат силни магнетни полиња, со кои се добиваат неверојатно јасни и детални слики од внатрешните органи и ткива.

При МРИ не се изложува пациентот на дополнително озрачување, бидејќи се користат електромагнетни бранови. Тоа е безболна процедура без несакани ефекти.

Со КТ и МРИ на афектираната регија прецизно се проценува туморската инвазија.

За одредување на стадиумот на болеста се користат и други дијагностички процедури со кои се утврдува постоењето на далечни метастази. Тие дијагностички процедури се:

Рендгенграфија на граден кош и на белите дробови

При ова испитување може да се откријат промени во белите дробови како: нодуларни паренхиматозни јазли (метастази), проширување на медијастинумот (поради метастатски зголемени лимфни јазли). Можат да се забележат и метастази во коските на градниот кош.

Ехотомографскиот преглед на абдомен

Ехотомографскиот преглед (ултразвук) користи звуци со висока фрекфенција, кои преку сонда се насочуваат кон телото на пациентот. Преку истата сонда се регистрираат одбиените зрачни бранови и врз основа на разликата од влезниот сноп на ултразвучните зраци и одбиените зраци се добива слика за внатрешните органи и структури на телото. Таа слика се гледа на монитор.

Ехотомографскиот преглед на абдоменот ни дава преглед на сите органи и структури во абдоменот, а посебно е корисна дијагностичка метода за откривање на метастази во црниот дроб и лимфните јазли.

Оваа метода се користи кај карциномот на хранопроводникот, со цел да се откријат присутни метастази во абдоменот, со што помага во одредувањето на стадиумот на болеста.

Компјутеризирана томографија на граден кош или абдомен

Доколку со ехотомографскиот преглед се откријат некои суспектни метастази во лимфните јазли, во црниот дроб, или во некои други органи во абдоменот, се прави и компјутеризирана томографија на абдоменот. Таа е посупериорна метода во споредба со ехотомографскиот преглед на абдоменот.

Исто така, доколку се видат на рендгенска снимка метастази во белите дробови, може да се направи и компјутеска томографија на градниот кош.

Сцинтиграфски преглед (скен) на скелетот

Карциномот на гркланот може да даде коскени метастази, кои настануваат со расејување на карциномските клетки по крвен пат. Може да биде зафатена која било коска од телото, но најчесто промените се во ‘рбетот и на карлицата.

Со сцинтиграфскиот преглед на скелетот се откриваат овие промени во целиот скелет.

Методата е безболна и не дава никакви несакани ефекти.

Многу е прецизна и со неа може да се откријат и најмали промени во коските, кои не се гледаат на обична рендгенска снимка.

Првичните и дополнителните дијагностички процедури овозможуваат да се одреди прецизно клиничкиот стадиум на болеста, да се утврди дали станува збор за операбилен или неоперабилен тумор, и да се одреди адекватен третман, според стадиумот, кај секој пациент одделно.