Терапија кај малигните лимфоми Печати

Во терапијата на малигните лимфоми, со успех се користи радиотерапијата, хемотерапијата и нивната комбинирана примена. Имунотерапијата има свое место како дополнителна тераписка метода.

Хирургијата наоѓа примена како дијагностичка метода, за отстранување на зголемен лимфен јазол. Како тераписка метода, хирургијата се користи кај лимфомите на дигестивниот тракт, посебно кај лимфомите на желудникот, како и при хиперспленизам (зголемена слезенка), ако е зафатена само слезенката.