Хистопатолошка класификација Печати

Хистопатолошка класификација на Хочкин лимфом по Rue и REAL (Revised Europian-American Lymphoma Classification) од 1994 година

 

REAL класификација

Rue класификација

Лимфоцитна предоминација, нодуларна или дифузна Лимфоцитна предоминација, нодуларна во повеќето случаи
Класична болест богата со лимфоцити Лимфоцитна предоминација, дифузна во повеќето случаи
Лимфоцитна предоминација, нодуларна во некои случаи
Нодуларна склероза Нодуларна склероза
Мешана целуларност Мешана целуларност (повеќето случаи)
Лимфоцитна деплеција Лимфоцитна деплеција

 

Присуството на Reed-Sternerg-ови клетки е лош, а присуството на лимфоцити добар прогностички знак. Првата подгрупа се одликува со мноштво лимфоцити и ретки Reed-Sternerg-ови клетки и има најдобра прогноза, наспроти четвртата подгрупа. Денес, меѓутоа, благодерение на расположивите тераписки опции, прогностичката вредност на секоја од овие подгрупи има се помало значење, освен за групата со лимфоцитна деплеција.

Хистолошка класификација кај не-Хочкин лимфоми

Кај не-Хочкин лимфомите постојат повеќе хистолошки класификации: класификација по Rappaport, Likes и Collins, Kiel-ска класификација, сите со прогностички занчење.

За клиничка употреба е предложена „работната класификација“ од Rosenberg и соработниците (1982година), според која не-Хочкин лимфомите се поделени, според степенот на малигнитет, во три групи: лимфоми со низок, среден и висок степен на малигнитет.

Новата REAL класификација ги вклучува во себе новите ентитети на не-Хочкин лимфомите, добиени врз база на морфолошки, фенотипски, цитогенетски и молекуларногенетски анализи, но сеуште не ја исфрлила од употреба „работната“ формулација, поради нејзината практичност.