Причини и ризик фактори Печати

Етиологија – причини и фактори на ризик за малигните лимфоми

Причината за настанувањето на малигните лифоми не е позната. Сепак, постојат одредени фактори на ризик кои ја зголемуваат можноста за појава на малигниот лимфом кај одредени лица.

Како фактори на ризик за малигните лимфоми се наведуваат:

Вируси

Утврдено е да некои вируси како што се: ретровирусот или Ц-тип вирусот кој предизвикува деплеција на Т-клетките, Epstain-Barr вирусот, вирусите каракетристични за југоисточна Азија и океанија како што е HTLV тип I – вирусот (human T – leukemia virus), Helicobacter Pylori вирусот и вирусот на сида (HIV- вирус), можат да го зголемат ризикот за појава на малиген лимфом. Се смета дека овие вируси предизвикуваат генетско оштетување на лимфоцитите, и тие се трансформираат во малигни лимфоцитни клетки.

Не е исклучено да постојат лица кои веќе со раѓањето носат делумни генетски пореметувања, кои само чекаат да некој дополнителен фактор (радиоактивно зрачење, хемиски професионални агенси –органски растворувачи и други) го зголемат ова оштетување и да ги комплетираат сите услови за развој на малиген лимфом.

Генетски фактори

Малигните лимфоми многу почесто се јавуваат кај пациенти со вродена имунодефициенција (намален имунитет) и со хромозомски аберации.

Стекната имунодефициенција

Намалениот имунитет, како што е случај при сидата и при хроничната имуносупресивна терапија (после трансплантација на бубрег или после примање на некои цитостатици, на пример циклофосфамид), може да го зголеми ризикот од појава на малиген лимфом.

Многу почесто заболуваат лица кој имаат сида.

Инфективни агенси

Некои инфективни агенси може да го зголемат ризикот за настанување на малигниот лимфом.

Како пример може да се наведе Burkitt – лимфомот во Африка, каде се претпоставува дека инфекцијата со маларија води до атрофија на тимусот со истовремена деплеција на Т-клетките.

Исто така, и медитеранскиот лимфом на тенките црева води до лимфоидна хиперплазија на гастроинтестиналниот тракт.