Рак на јајчник (ovarium) Печати

Епидемиологија

Карциномот на јајникот сочинува 5% од сите малигни тумори кај жената, а 23% од сите гинеколошки тумори, 47% од сите случаи на смрт од гинеколошки карциноми предизвикани се од ракот на јајникот.

Малигните тумори на овариумот по инциденцата се на 3-то место меѓу малигните тумори на женските генитaлни органи, веднаш по ракот на грлото на матката и ракот на ендометриумот (тело на матка).

Америчкото здружение за канцер (ACS - The American Cancer Society) објавило дека во 2006 година во САД биле регистрирани 20 180 новодијагностицирани случаи на рак на јајник, а 15 310 умреле од карцином на јајник.

Рaкот на јајчникот е пред се болест на пременопаузалните и постменопаузалните жени. Просечната возраст на пациентките со рак на јајчник е 50-65 години.

Помалку од 10% од пациентките со рак на јајник се помлади од 40 години. Инциденцата на ракот на јајникот расте нагло над 40-тата година од животот. Така, помеѓу 40 – 44 години од животот заболуваат околу 15 жени на 100 000 жени, а од 70 – 74 години од животот заболуваат дури 57 жени на 100 000 жени.

Во однос на сите останати малигноми (рак на дојка, на дебело црево, на грло на матка, на тело на матка, на бели дробови), ракот на јајчникот сеуште има најлоша прогноза.

Се смета дека 1-2% од сите жени ќе заболат од рак на јајчник.