Причини и ризик фактори Печати

Како и за другите коскени саркоми, така и за хондросаркомот, точната причина за неговото јавување не е позната. Сепак се смета дека некои лица имаат поголем ризик да заболат од ова малигна болест како последица на случајните генетски мутации или промените на клетките на р`скавицата.

Хондросаркомот обично се јавува на претходно здрава р`скавица и кај здрави лица. Сепак, постојат одредени фактори кој може да го зголемат ризикот за настанување на хондросаркомот кај одредени лица. Тоа се:

  • енхондром – бениген коскен тумор, често виден на рацете,
  • остеохондром – бениген тумор на коската или р`скавицата ,
  • бројни остеохондроми (коскени тумори),
  • Ollier–ова болест која се одликува со бројни енходроми,
  • Maffucci синдром, кој се одликува со комбинација на бројни енхондроми и различни тумори.