Градус и стадиуми Печати

Стадиуми на болеста (TNM – класификација)

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Врз основа на големината на туморот (Т), хистолошкиот градус (G), присуството на метастази во регионалните лимфни јазли (N) и во далечните органи (М), направена е класификацијата по стадиуми.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите на АICC (TNM-tumor, nodus, metastasa).

ТNM – класификација

Т- примарен тумор

T1 – тумор помал од 5 cm,

T2 – тумор поголем од 5 cm,

N - нодален регионален статус,

NX - регионалните лимфни јазли не можат да се испитаат,

N0 - нема присуство на метастази во регионалните лимфни јазли,

N1 - присутни метастази во регионалните лимфни јазли,

M - оддалечени метастази,

Mx - дистантните метастази не можат да се испитаат,

Mo - нема дистантни метастази,

M1 - дистантни метастази се присутни.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени,

G1 - добро диференциран тумор,

G2 - средно добро диференциран тумор,

G3 - лошо диференциран тумор,

G4 – недиференциран (анапластичен) тумор.

Стадиуми

Стадиум IA

G1, T1,N0, M0.

Стадиум IB

G1, T2,N0, M0.

Стадиум IIA

G2, T1, N0, M0.

Стадиум IIB

G2, T2, N0, M0.

Стадиум IIIA

G3, T1, N0, M0.

Стадиум IIIB

G3, T2, N0, M0.

Стадиум IVA

кое било G и Т, Н1, М0.

Стадиум IVB

кое било G, Т и N, M1.