Превенција и скрининг на рак на простата Печати

Превенција

Бидејќи не е позната причината на болеста како и сите можни фактори на ризик, не е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста.

Како превенција за карциномот на простатата, сепак, се препорачува правилна исхрана, со внесување на повеќе овошје и зеленчук во исхраната, а помалку масти од животинско потекло (црвено месо).

Скрининг

Целта на скринингот е откривање на карциномот на простатата во раните стадиуми на болеста, пред појавувањето на симптомите. Раниот карцином на простататачесто може да не даде никакви симптоми и да се открие во тек на рутинскиот скрининг тест.

Се препорачува скрининг еднаш годишно почнувајќи од 50-годишна возраст, па дури и порано доколку постои висок ризик за развој на карцином (на пример: позитивна фамилијарна анамнеза, црна раса, зголемена простата).

Скринингот за карциномот на простатата се изведува брзо и лесно и тоа со анален преглед (дигитален ректален преглед) и со испитување на нивото на простата - специфичниот антиген (ПСА) и простатична кисела фосфатаза (ПАП) во крвта.

Испитување на ПАП и ПСА во крвта и во урината

Од лабораториските испитувања значајни за дијагноза на карциномот на простатата се: испитување на нивото на простатичната кисела фосфатаза (ПАП) и на простата - специфичниот антиген (ПСА) во крвта.

ПАП е ензим кој што се користеше уште пред откривањето на ПСА, за поставувањена дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, како и за покажување на резултатите од применетата терапија.

ПСА се секретира од епителните клетки на ацинусите и дуктусите на простатичната жлезда и заедно со ПАП се меша со простатичната течност на ејакулатот.

ПСА е откриен во 1971 година, а изолиран во 1979 година. ПСА протеинот го создаваат како нормалните, така и карциномските клетки на про-статата. Карциномските клетки создаваат многу повеќе ПСА протеин од нормалните.

Високите вредности на ПСА во крвта може да бидат знак за карцином.

ПСА е протеин кој го има нормално во крвта кај здравите мажи. Не постои едно нормално ниво на ПСА. Тоа значи дека вредностите на ПСА може да варираат од маж до маж и нормалното ниво се покачува со возраста. Но, сепак, следниве вредности се груби показатели на нормалните вредности на ПСА:

  • ПСА вредности до 3 ng/ml се сметаат за нормални, кај мажи под 60 годишна возраст
  • ПСА вредности до 4 ng/ml се сметаат за нормални, кај мажи од 60 до 69 години
  • ПСА вредности до 5 ng/ml се сметаат за нормални кај мажи над 70 години

Kолку се повисоки вредностите на ПСА толку е поголема веројатноста за постоење на карцином.

Вредностите на ПСА под 4 ng/ml се сметаат за нормални, а над 10 ng/ml за високи.

Вредностите од 4 до 10 ng/ml се средни вредности.

За да се утврди природата на болеста не е доволно само да се одреди ПСА во крвта, па затоа се на дополнува со дигитален ректален преглед.

ПСА тестот исто така се користи, покрај за рана дијагноза на карциномот, и за следење на ефектот, односно, одговорот од применетата терапија. Успешната терапија го намалува туморот, а со тоа и бројот на карциномски клетки кои продуцираaт ПСА протеин. Затоа доаѓа до пад на нивото на ПСА во крвта.

Зошто не постои национална скрининг програма за рак на простата во Велика Британија?

Анален преглед (дигитален ректален преглед)

Бидејќи аналниот отвор е непосредно под простатата, а карциномот најчесто расте на таа страна од жлездата, лекарот може да ја напипа простатата влегувајќи со прст преку аналниот отвор.

При прегледот урологот може да ја напипа простатата и да открие некои ирегуларности во нејзината големина, обликот и конзистенцијата. Обично со овој преглед може да се разграничат промените кај карциномот на простатата од оние при бенигната хиперплазија.

Присуството на тврдина во простатата, како и целосно тврда и фиксирана простата е сомнителен наод за карцином. Во тој случај потребно е да се направат и други дополнителни испитувања со цел да се постави точна дијагноза (ултразвучен преглед, биопсија на сомнителната тврдина и др.).

Тестирајте се на време!