Градус и стадиуми Печати

Стадиуми на болест

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите (TNM-tumor, nodus, metastasa) класификацијата и систем и AJCC системот на стадиумско групирање.

Клиничка класификација (TNM)

TNM класификација, односно pTNM класификација

Примарен тумор - Т

TX: примарниот тумор не може да се процени,

T0: нема клинички знаци за постоење на примарен тумор,

Tis: Carcinoma in situ

T1: Туморот е ограничен на панкреасот и е 2 cm или помалку во својот најголем дијаметар

T2: Туморот е ограничен на панкреасот и поголем од 2 cm во својот најголем дијаметар

T3: Туморот се шири надвор од панкреасот, но без зафаќање на целијачната оска или горната мезентерична артерија

T4: Туморот ја зафаќа целијачната оска или горната мезентерична артерија (неоперабилен примарен тумор)

Оперативниот третман се применува кога нема знаци на екстрапанкреатична болест или директна туморска екстензија во целијачна оска и горна мезентерична артерија.

Регионални лимфни јазли N

NX: регионални лимфни јазли не можат да се утврдат,

N0: нема метастази во регионалните лимфни јазли,

N1: присутни метастази во регионалните лимфни јазли.

Далечни метастази M

MX: присуство на далечни метастази не може да се утврди,

M0: нема далечни метастази,

M1: присутни далечни метастази.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

AJCC стадиумско групирање

Стадиум 0

Tis, N0, M0

Стадиум IA

T1, N0, M0

Стадиум IB

T2, N0, M0

Стадиум IIA

T3, N0, M0

Стадиум IIB

T1, N1, M0

T2, N1, M0

T3, N1, M0

Стадиум III

T1, N1, M0

T2, N1 M0

T3, N1, M0

Стадиум IV А

Т4, кое било N, М0

Стадиум IV B

кое било Т, кое било N, М1