Следење по третман Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:42

Следење на болните со карцином на телото на матката

Најголем процент од локалните рецидиви и/или метастатски промени се јавуваат во првите две години од завршувањето на иницијалниот третман.

Затоа, контролните гинеколошки трегледи вообичаено се вршат на секои три месеци во првата година по иницијалниот третман, со постепено продолжување на интервалите помеѓу контролите и тоа: на 4 месеци во тек на втората и третата година, до 6 месеци во четвртата година од завршениот иницијален третман.

Рутинска процедура е гинеколошки преглед, со земање на вагинален брис, додека други дијагностички процедури се користат во зависност од постоењето на симптоми.