Следење по третман Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:42

Следење на болните со тумори на вагина

Контролните прегледи во првите две години се вршат на секои три месеци, а потоа на секои шест месеци.

Рутински се врши контрола на крвната слика, детален клинички преглед со земање на брис и повремени рендгенграфски снимки на белите дробови и КТ на абдоменот и карлицата за откривање на окултни метастатски промени.

Останатите иследувања се прават во зависност од клиничката слика, односно од постоечките симптоми.