Градус и стадиуми Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:36

Патологија

Хистопатолошки најчест е планоцелуларниот кацином (околу 85%), а потоа по честота следат: аденокарциномот, базалиомот, меланомот и саркомот.

Карактеристичниот планоцелуларен карцином на вулвата во својот развој минува низ повеќе етапи. Пеканцерозните лезии се група на заболувања, во која спаѓаат: вулварните дистрофии, Bowen-овата и Paget-овата болест, карциномот in situ и lichen sclerosus.

Следуваат микроинвазивните лезии, кои се карактеризираат со промер до најмногу 2 cm и инфилтрација во длабочина до 5 mm, со стапка на лимфна дисеминација од само 2 до 5 %.

Инвазивните малигни лезии се јавуваат во вид на улцерации и инфилтративни промени на вулвата, често со мултифокален раст и евентулна ингвинална линфаденопатија.

Лимфогеното метастазирање е најчесто во ингвиналните регии, со евентуални метастази во карличните лимфни јазли долж надворешната илијакална аретрија.

Хематогените метастази се ретки, при што најчесто се јавуваат метастази во белите дробови, црниот дроб и коските.

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секоја пациентка одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Хируршки стадиуми според FIGO

Стадиум I - тумор на вулвата со најголем дијаметар до 2cm,

Стадиум II - тумор на вулвата или перинеумот поголем од 2 cm во најголемиот дијаметар,

Стадиум III - тумор од било која големина кој ги зафажа вагинат5а, задното црецо, долната половина на надворешниот мочен канал и/или дава еднострани метастази во ингвиналните лимфни јазли,

Стадиум IVA - тумор кој ги инвадира слузницата на мочниот меур, задното црево, горната половина на надворешниот мочен канал и/или дава билатерални ( од двете страни) ингвинални метастази во лимфните јазли,

Стадиум IVB - тумор со далечни метастази