Следење по третман Печати

Следење на пациентите

По завршувањето на третманот, се препорачува следење на пациентите со малигниот мезотелиом на секои три месеци, во првите две години, а потоа на секои шест месеци, во наредните три години и понатаму контролите продолжуваат еднаш годишно.

При контролните прегледи, покрај анамнестичките податоци за присутните симптоми и знаци и клиничките иследувања по системи, се прават и рутински лабораториски испитувања во кои се вклучени: крвна слика, седиментација, биохемиски испитувања на крвта, како што е испитувањето на уреата и креатининот, ензимите на црниот дроб, алкалната госфатаза.

Контролните рендгенграфии на белите дробови даваат корисни информации за присуството на плеврален излив, метастази во коските на градниот кош, метастази во белите дробови и во регионалните лимфни јазли

Според клиничкиот наод, се прават и дополнителни иследувања.