Градус и стадиуми Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:36

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност.одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент ооделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите на TNM класификацијата (tumor, nodus, metastasa) и AJCC стадиумското групирање.

TNM-класификација

T - примарен тумор

TX: примарниот тумор не е можно да се процени;

T0: нема присуство на примарен тумор;

Tis: Carcinoma in situ;

T1: Тумор до 2 cm или помал, во својот најголем промер;

T2: Тумор поголем од 2 cm, не не поголем од 5 cm во неговиот најголем промер;

T3: Тумор поголем од 5 cm во неговиот најголем промер;

T4: Тумор со било која големина, кој ги зафаќа околните органи како: вагина, уретра (надворешен мочен канал) и мочен меур.

N - нодален регионален статус

NX: регионалните лимфни јазли не можат да се испитаат;

N0: нема присуство на метастази во регионалните лимфни јазли;

N1: присутни метастази во периректалните лимфни јазли;

N2: присутни метастази во унилатералните (од една страна) внатрешни илијакални и/или ингвинални лимфни јазли;

N3: присутни метастази во периректалните и ингвиналните лимфни јазли и/или билатералните (од двете страни) внатрешни илијакални и/или ингвиналните лимфни јазли.

M - оддалечени метастази

Mx: дистантните метастази не можат да се испитаат;

Mo: нема дистантни метастази;

M1: присутни дистантни метастази.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

AJCC стадиумско групирање

Стадиум 0

Tis, N0, M0

Стадиум I

T1, N0, M0

Стадиум II

T2, N0, M0

T3, N0, M0

Стадиум IIIA

T1, N1, M0

T2, N1, M0

T3, N1, M0

T4, N0, M0

Стадиум IIIB

T4, N1, M0

било кое T, N2, M0

било кое T, N3, M0

Стадиум IV

било кое T, било кое N, M1