Градус и стадиуми Печати

Патолошки типови на туморите, стадиуми и градус на туморот

Хистопатолошки типови на туморите на дебелото црево

Најчест хистолошки тип е аденокарциномот и муцинозниот аденокарцином, кои сочинуваат повеќе од 95%. Муцинозниот аденокарцином, кој е присутен во 10% случаи, има нешто полоша прогноза од т.н.„обичен“ аденокарцином.

Стадиуми кај карциномот на дебелото црево

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите (TNM-tumor, nodus, metastasa) класификацијата и систем и AJCC системот на стадиумско групирање.

TNM класификација, односно pTNM класификација

Примарен тумор -Т

TX: примарен тумор не може да биде утврден,

T0: нема доказ за присутен тумор,

Tis: carcinoma in situ,

T1: туморот продира во субмукозниот слој,

T2: туморот продира во muscularis propria,

T3: туморот продира преку muscularis propria во субсерозата или во неперитонеализираното периколично ткаење,

T4: туморот директно ги зафаќа околните органи или структури и/или го пробива висцералниот перитонеум.

Регионални лимфни јазли N

NX: регионални лимфни јазли не можат да се утврдат,

N0: нема метастази во регионалните лимфни јазли,

N1: присутни метастази во 1-3 регионални лимфни јазли,

N2: присутни метастази во 4 и повеќе регионални лимфни јазли,

N3: присутни метастази во кој било од лимфните јазли долж крвните садови.

Далечни метастази M

MX: присуство на далечни метастази не може да се утврди,

M0: нема далечни метастази,

M1: присутни далечни метастази.

Стадиум 0

Tis, N0, M0

Стадиум I

T1, N0, M0

T2, N0, M0

Стадиум IIA

T3, N0, M0

Стадиум IIB

T4, N0, M0

Стадиум IIIA

T1, N1, M0

T2, N1, M0

Стадиум IIIB

T3, N1, M0

T4, N1, M0

Стадиум IIIC

било кое T, N2, M0

Стадиум IV

било кое T, било кое N, M1

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.