Терапија по стадиуми Печати
Среда, 16 Јули 2008 18:46

План за третман

  • Задолжително е мултидисциплинарно планирање на третманот.
  • Хирургијата се смета како стандарден тип на третман за операбилните пациенти со локализирани тумори (Tis-T3 N0-1 M0). Трансторакалната езофагеотомија со двострана ресекција се препорачува за интра-торакалниот планоцелуларен карцином.
  • Никаков стандарден третман не може да биде дефиниран за карциномите на вратниот дел од езофагусот.
  • Употребата на хируршкиот пристап кај аденокарциномите е сè уште дискутабилна.
  • Со употребата на трансхијаталната езофагектомија е добиен понизок степен на морбидитет, споредено со трансторакалниот пристап со en-bloc лимфаденектомија, но долгорочното преживување може да биде намалено.
  • Најмалку шест регионални лимфни јазли треба да бидат отстранети и испитани.
  • Предоперативната (со или без постоперативна) радиотерапија нема влијание врз преживувањето во споредба со употребата само на хирургија.
  • Според резултатите на три метаанализи, предоперативната хеморадијација има влијание врз преживувањето. Како и да е, не е јасно кој пациент (стадиум, локализација на туморот, хистологија) ќе има најголема корист.
  • Адјувантната хемо(радио)терапија не се препорачува со оглед на недостатоци од дефинитивни сознанија.

Третман по стадиуми

Упатства за лекување на ран стадиум на езофагеален карцином (Tis-T1a N0)

  • Хируршкиот третман е терапија на избор.

Упатства за лекување на локализирана болест (T1-T2 N0-1)

Планоцелуларен карцином (Squamous cell carcinoma)

  • Хируршкиот третман се смета за стандарден третман, и покрај тоа што долгорочното преживување не надминува 25 %, во случај на зафатеност на регионалните лимфни јазли.
  • За пациентите што не можат или не сакаат да се подложат на оперативна интервенција, хеморадиотерапијата е супериорна во однос на радиотерапијата употребена како единечен терапевтски модалитет.

Аденокарцином (Adenocarcinoma)

  • Хируршкиот третман се употребува рутински кај овој тип тумори. Ограничувањата што се однесуваат на долгорочното преживување се слични на оние кај планоцелуларниот карцином.

Упатства за лекување на локално напредната болест (T3-T4 N0-1)

  • Хируршкиот третман е недоволен како единствен терапевтски модалитет, поради тоа што не е можна комплетна туморска ресекција во приближно 30% на pT3 и во 50% на pT4 тумори. Долгорочното преживување ретко надминува 15%, дури и по направена комплетна туморска ресекција.

Планоцелуларен карцином (Squamous cell carcinoma)

  • Кај пациентите со локално напредната болест, може да се аплицира предоперативна хемотерапија или особено предоперативна хеморадиотерапија, со зголемена тенденција на комплетна туморска ресекција, со што се подобрува локална контрола на туморот, а со самото тоа и се зголемува преживувањето. Како и да е, предоперативната хеморадиотерапија може да го зголеми постоперативниот морталитет.
  • Пациентите со туморски одговор на иницијалната хемотерапија може да немаат корист од хируршкиот третман, па според тоа треба да бидат третирани со дефинитивна хеморадиотерапија.

Аденокарцином (Adenocarcinoma)

  • Третманот спроведен со Cisplatin/5-fluorouracil (5-FU), комбинирани со радиотерапијата, по кои следува оперативен зафат, може да се смета за најдобра опција.
  • Сепак, не е јасно дали радиотерапијата го зголемува преживувањето во споредба со предоперативната хемотерапија, како единствен тераписки модалитет и кој од пациентите нема да има корист од хирургија.

Упатства за лекување на метастатска болест (Stadium IV)

  • Терапијата е палијативна.
  • Хемотерапијата може да се даде кај внимателно селектирани пациенти.
  • Езофагеалното стентирање претставува ефикасна метода за враќање на перорална исхрана. Дисфагијата се подобрува по апликацијата на стентот, но уште поголемо подобрување на дисфагијата на подолгорочен период може да се постигне со 12 Gy единечна доза, аплицирана со интракавитарна брахитерапија.

Упатства за лекување на рекурентен езофагеален карцином

  • Се лекува со палијативните стандардни методи. Ако тоа не е можно, тогаш се третира симптоматски.

Радиотерапија и хемотерапевтски режим

  • Радиотерапијата може да се спроведува предоперативно, постоперативно и како единствен терапевтски модалитет или конкурентно кај неоперабилните случаи.
  • При конкурентно спроведување се исполнува TTD=50 Gy, со што од првиот до четвртиот ден се аплицира Cisplatin од 75mg/m2 (1 ден) + 5 FU од 1000mg/m2 (1-4 ден). Во последните 4 дена се повторува истата шема. Шемата се повторува во првата, шестата и единаесеттата недела, по што следуваат контроли.
  • При конкурентно спроведување, хеморадиотерапијата може да се даде и според следнава шема: 5FU од 1000 mg/m2/дневно во тек на 4 дена како континуирана интравенска инфузија + Cisplatin од 25 mg/m2/дневно растворен во 100 ml физиолошки раствор, се дава во времетраење од 20-30 минути во тек на 3 дена.
  • Cisplantin-базирачкиот хеморадијациски режим, кој содржи paclitaxel со или без 5FU, е сè уште во тек на клиничка евалуација во САД. Фазата II на single-arm trial објави дека комбинацијата на paclitaxel-cispaltin, дадена предоперативно со радиотерапија, добро се толерирала и покажала патолошки комплетен одговор и комплетна ресекција слична на оние студии што ги практикуваат режимите коишто содржат само 5 Fluprouracil (5FU).