Градус и стадиуми Печати

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност.одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент ооделно. СПоред тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите на UICC (TNM-tumor, nodus, metastasa) и на VALCSG (ограничена и проширена болест).

TNM-класификација

T - примарен тумор

TX - примарниот тумор не е можно да се процени. Во спутумот или во промивката на бронхијалното стебло се најдени малигни клетки, меѓутоа туморот не може да се види со било која метода;

T0 - Нема доказ за присуство на примарен тумор;

T1 - тумор во големина до 3 cm во најголем дијаметар, опкружен со белодробно ткиво или со висцерална плевра и горе не се шири повеќе од лобарен бронх (не е зафатен главниот бронх).

T2 – туморот е поголем од 3 cm во пречник, ја зафаќа висцералната плевра. Го зафаќа главниот бронх, меѓутоа до 2 cm од карината или е придружен со ателектаза или опструктивен пневмонит, проширен во хилусот, но не го зафаќа целото белодробие;

T3 - тумор со која било големина со директна инвазија на:
торакален ѕид (вклучително superior sulcus) дијафрагма, медијастинална плевра, париетален перикард, тумор на главен бронх < 2 cm дистално од карина, без инвазија на карина, ателектаза на цело белодробно крило

T4 - тумор од која било големина со директна инвазија на:
медијастинум, срце, големи крвни садови, трахеа, хранопроводник, прешленско тело, карина, туморски нодули во ист лобус, тумор со малигна плеурална ефузија;

N - нодален регионален статус

Nx - регионалните лимфни јазли не можат да се испитаат;

N1 - метастази во ипсилатерални перибронхални и/или ипсилатерални хиларни и интрапулмонарни лимфни јазли, вклучително со директна туморска екстензија;

N2 - метастази во ипсилатералните медијастинални и/или супкаринални лимфни јазли.

N3 - метастази во контралатералните медијастинални, хиларни, ипси или контралатерални скаленски, или супраклавикуларни лимфни јазли.

M - оддалечени метастази

Mx - дистантните метастази не можат да се испитаат;

Mo - нема дистантни метастази;

M1 - дистантни метастази се присутни (се вклучуваат и туморски нодуси во различен лобус, ипси и контралатерален).

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

Стадиуми на белодробниот карцином

Окултен карцином
TX, N0, M0;

Стадиум 0
Tis, N0, M0;

Стадиум I
T1-2, N0, M0;

Стадиум II
T1-2, N1, M0;

Стадиум III A
T1-2, N2, M0;
T3, N0, M0
;

Стадиум III B
кое било Т, N3, M0;
Т4,
кое било N, M0;

Стадиум IV
кое било Т, било кој N, М1

Клинички стадиум по VALCSG

Клиничкиот стадиум по VALCSG – системот подразбира постоење на ограничена и проширена болест и оваа клиничка класификација е поволна за конзервативното лекување на белодробниот карцином.

Ограничена болест

Болеста е ограничена на едното белодробно крило, со или без проширеност во регионалните лимфни јазли (хиларни, медијастинални и супраклавикуларни), без оддалечени метастази и без плеврален излив.

Проширена болест

Присуство на метастази во спротивното белодробно крило, како и ширење на туморот надвор од градниот кош.