Следење по третман Печати

Пациентите со карцином на дојка, по завршувањето на третманот, треба да се следат на 3 месеци во првите 3 години, потоа на 6 месеци во наредните 2 години, а потоа еднаш годишно.

При контролните прегледи се зема детална анамнеза, се прави физикален преглед по системи и рутински лабораториски испитувања (крвна слика, седиментација, уреа, креатинин, алкална и кисела фосфатаза, хепатални ензими и електролити, посебно калциум).

Контролна рендгенграфија на белите дробои и ехотомографски преглед на абдоменот се прават на 6-12 месеци.

При постоење на сомнителен наод за рецидив или прогрес на болеста, се прават дополнителни испитувања слични како при поставување на дијагнозата.