• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Светски вести

Светски вести од областа на медицината

Вести и информации од светот, поврзани со новини во областа на ракот, негово изучување, третирање...
Електронски весник

Електронски весник

Ако сакате да бидете во тек, со сето она што се случува на нашиот портал, пријавете се за да го добивате нашиот електронски весник...
Несоницата и заморот се постојани придружници на пациентите заболени од рак

Резултатите од најновото истражување покажале дека скоро половина од пациентите заболени од карцином се мачат со несоница во текот на лекувањето. Кај некои пациенти, проблемите со спиењето можат да потраат и со месеци по завршувањето на третманот.

Повеќе...
 
13-19 мај 2012 - Национална недела на здравјето на жената

Националната недела на здравјето на жената (National Women's Health Week) ќе ги потсети сите жени повеќе да се грижат за своето здравје, бидејќи тоа е основа за подолг, поздрав и посреќен живот. Жените се преокупирани со своите најблиски и често забораваат да се фокусираат на своето здравје.

Повеќе...
 
7-ми Мај 2012 - Melanoma Monday

Американската академија за дерматологија (American Academy of Dermatology) го прогласила месецот мај како месец на детекција и превенција на Меланома/Кожен рак. Секој прв понеделник во месецот мај е ден на меланомот. Оваа година 7-ми мај е ден на меланомот (Melanoma Monday). На тој ден се охрабруваат сите луѓе да ги усвојат здравите навики за заштита од меланомот, но и во текот на целиот месец мај се спроведуваат многу активности за превенција и рана детекција на кожниот карцином.

Повеќе...
 
САМОСВЕСТ - Пролетна распродажба!

2 јуни - голема распродажба на носена облека и користени предмети и аукција од работи донирани од македонските ѕвезди. Ве покануваме да земете учество на голем хуманитарен настан. Ајде да собереме финансиски средства и да ги подариме на Одделението за психијатрија за деца и младинци и на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“.

Повеќе...
 
Мај – национален месец на меланомот и другите кожни карциноми

Американската академија за дерматологија (American Academy of Dermatology) го прогласила мај како месец на детекција и превенција на Меланома/Кожен рак. Секој прв понеделник во месецот мај е ден на меланомот (Melanoma Monday).

Повеќе...
 
Отстранувањето на лимфните жлезди во пазувата не е неопходно за сите пациентки со рак на дојка

Кај некои жени со ран стадиум на рак на дојка и позитивни лимфни јазли, сентинелната лимфонодална дисекција (SLND) нема да резултира со помало преживување во споредба со аксиларната дисекција на лимфните јазли (ALND). Ова го докажале авторите на голема клиничка студија од „American College of Surgeons Oncology Group“.

Повеќе...
 
Превенирање на рана менопауза кај пациентките со рак на дојка

Привременото сузбивање на функцијата на јајниците со користење на трипторелин ја намалува инциденцата на рана менопауза, предизвикана од хемотерапијата кај жените со рак на дојка, покажало најновото истражување.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>