• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација

Препораки за новиот грип (H1N1 вирус)

Вирусот на грипот А (H1N1), кој неодамна се појави во светот, е нов подтип на вирусот на грипот, кој може да предизвика инфекција кај луѓето, а према извештаите на Светската здравствена организација...

Болести на простатата

Наша книга: Болести на простатата - Рак на простата

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив и да ги победиме е подобрата информираност за нив, за причините за нивното јавување...

Посетете ја нашата виртуелна ординација:

  • Прашај
  • Информирај се
  • Дознај
  • Примени
  • Живеј здраво
  • Дијагноза
  • Контрола
  • Совети и препораки
Туморски маркери за рак на простата: ПАП и ПСА

Туморските маркери се супстанции кои се наоѓаат во повисоки концентрации од нормалните, во крвта, мочката и/или ткивото на болните, со одредени видови на рак. Туморските маркери ги произведува самиот карцином или организмот, како одговор на присутниот карцином или некое друго бенигно заболување.

Нивното мерење и идентификација е корисно за поставување на дијагнозата на малигномите, како и за следење на успехот од терапијата.

Повеќе...
 
Дознајте повеќе за што се користи туморскиот антиген - CA 72-4

CA 72-4 (карцином антиген 72-4) е гликопротеин кој е важен во дијагностиката на рак на желудник и рак на дебело црево, но не и за дијагноза на бенигните заболувања на овие органи.

Денес CA 72-4 е туморски маркер на избор за карциномот на желудникот, чија специфичност е поголема од 95%. Вредностите на овој маркер во серумот се совпаѓаат со стадиумот на болеста. Колку е стадиумот на болеста понапреднат, толку и серумските вредности на CA 72-4 туморскиот маркер се повисоки.

Повеќе...
 
Нови препораки на Американското здружение за рак за рано откривање на најчестите карциноми

Американското здружение за рак (American Cancer Society, ACS), со почеток од 2000 година, секоја година ги објавува препораките за рана детекција („screening“) на карциномите, во часописот „Cancer Journal for Clinicians“.

Препораките се ревидираат најмалку еднаш во 5 години, а во случај на нови докази или препораки за скрининг за карциномите, тие се објавуваат, публикуваат и им се презентираат на јавноста и здравствените установи и многу почесто.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 91 92 93 94 95 Следно > Крај >>