|
Јајчниците се парни женски полови жлезди во кои созреваат женските полови клетки (јајце клетки) и кои лачат два женски полови хормони –естроген и прогестерон. Јајчниците се хомологни органи на тестисите кај мажите. Тие по својот изглед и големина наликуваат на бадем. Најчесто се долги 3-5 cm, а широки 1.5-3 cm. Кај младите жени до пубертетот, површината на јајчникот е беличеста и мазна, а потоа по секоја овулација се појавуваат жлебови, кои настануваат како последица од пукањето на зрелите јајце клетки. Со годините површината на јајчникот станува избраздена поради лузните кои остануваат по овулациите.
Рак на јајчник (ovarium)ЕпидемиологијаКарциномот на јајникот сочинува 5% од сите малигни тумори кај жената, а 23% од сите гинеколошки тумори, 47% од сите случаи на смрт од гинеколошки карциноми предизвикани се од ракот на јајникот. Малигните тумори на овариумот по инциденцата се на 3-то место меѓу малигните тумори на женските генителни органи, веднаш по ракот на грлото на матката и ракот на ендометриумот (тело на матка).
Причини и ризик факториКако и за другите карциноми, така и за карциномот на јајчникот, причините за негово јавување не се познати. Но, постојат одредени фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за појава на ова малигно заболување кај одредени лица. Превенција и скрининг• Улогата на туморските маркери во рано откривање и следење на рак на јајчникот Симптоми и знациРакот на јајчникот претставува голем предизвик за лекарите. Тој обично во раните стадиуми не дава карактеристични симптоми, па тоа е и една од причините што се открива во напреднатите стадиуми на болеста. Но, се чини дека ова тешко заболување, сепак, има некои рани симптоми. Дијагностички постапкиЗа жал, ракот на јајчникот најчесто се открива во понапреднатите стадиуми на болеста. Причина за тоа е што ова малигно заболување има подмукол ток и што, во почетните стадиуми, обично не дава... Развој на туморотВо подготовка... Градус и стадиумиТуморите на јајчникот се развиваат постепено во стомачната празнина и често достигнуваат големи размери, пред да ги забележи пациентката или лекарот. Третмански опцииЗа одредување на најадекватна терапија за одделна пациентка, се разгледуваат многу фактори, како на пример: стадиумот на болеста, градусот на туморот, возраста на пациентката нејзината општа состојба и други фактори. Терапија по стадиумиОдредувањето на типот на хируршката интервенција и постоперативната хемотерапија зависи од стадиумот и останатите клиничко-патолошки прогностички фактори. Следење по третманПо завршувањето на планираниот тетман, со цел да се процени одговорот од применетата терапија и да се одлучи дали треба или не да се продолжи со понатамошна терапија, се прави „second look“ лапаратомија или т.н. евалуациона операција.
|
|