|
Црниот дроб е најголема жлезда во човековото тело. Се наоѓа позади ребрата, во горниот десен дел од абдоменот. Се состои од два дела т.н. лобуси: десен и лев. Црниот дроб има бројни и многу важни животни функции, кои се битни за одржување на здравјето на човекот. Така, една од важните функции на црниот дроб е продукцијата на жолчка, која е неопходна за разградување на мастите, а помага и во апсорпцијата на супстанциите растворливи во масти, вклучувајќи ја и тука и апсорпцијата на витамините А, Д, Е и К. Жолчката се складира во жолчното кесе и се излачува во почетниот дел на тенкото црево (дуоденум), при процесот на варењето на храната. Според тоа, жолчката помага во разградувањето, односно варењето на храната.
Карцином на црниот дробХепатоцелуларниот карцином е најчест тип на карцином, кој примарно настанува во црниот дроб, а се јавува како последица на малигната трансформација на хепатоцитите (клетки на црниот дроб). Посебна карактеристика на хепатоцелуларниот карцином е значителната разлика на неговата инциденца во различни делови на светот. Околу 85% од сите регистрирани случаи се забележени во регионите на Источна и Југоисточна Азија и во некои делови на Африка, а тоа се подрачја каде инфекцијата со вирусот на хепатитот Б е ендемична. Основната причина за појавата на хепатоцелуларниот карцином не е позната. Заболувањето е резултат на делувањето на бројни физички, хемиски и биолошки предизвикувачи, кај пациенети со предиспозиција за ова оболување. Постојат одредени фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за појава на хепатоцелуларниот карцином кај некои луѓе. Но, проблемот е комплексен и до денес не се познати сите фактори на ризик.
Причини и ризик факториХепатоцелуларниот карцином е најчест тип на карцином, кој примарно настанува во црниот дроб, а се јавува како последица на малигната трансформација на хепатоцитите (клетки на црниот дроб). Превенција и скринингБидејки не е позната причината за настанувањето на кациномот на црниот дроб, како и сите можни фактори на ризик, не е можно да се спроведе сигурна превенција на болеста... Симптоми и знациЦрниот дроб е орган кој има голема функционална резерва, заради што симптомите и знаците на малигното заболување се притаени и подмолни. Дијагностички постапкиДијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи,... Развој на туморотМакроскопски хепатоцелуларниот карцином се манифестира како мека, добро васкуларизирана промена, претставена како солитарен примарен нодус (чвор)... Градус и стадиумиOдредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент ооделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели. Третмански опцииЗа одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... Следење по третманКако и многу други видови на карциноми, така и ракот на црниот дроб може повторно да се јави по завршувањето на третманот. Затоа, пациентите кои го завршиле третманот за рак на црн дроб, мора да прават редовни контроли во текот на целиот свој живот.
|
|