• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како се лекуваат гениталните брадавици (кондиломи) предизвикани од ХПВ вирусот? Печати

Не постои лек за инфекцијата со хуман папиломавирус (ХПВ).

Најголем број од лицата заразени со ХПВ немаат потреба од посебно лекување, бидејќи самиот организам кај нив се ослободува од вирусот.

Се смета дека важен фактор во борбата против инфекцијата е зајакнувањето на имунитетот. Затоa се препорачува јакнење на имунитетот со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (фолацин 5мгр. таблети), престанок на пушењето, намалување на стресот, и доволно одмор, сон и шетање.

Повеќе...
 
Туморски маркери за рак на простата: ПАП и ПСА Печати

Туморските маркери се супстанции кои се наоѓаат во повисоки концентрации од нормалните, во крвта, мочката и/или ткивото на болните, со одредени видови на рак. Туморските маркери ги произведува самиот карцином или организмот, како одговор на присутниот карцином или некое друго бенигно заболување.

Нивното мерење и идентификација е корисно за поставување на дијагнозата на малигномите, како и за следење на успехот од терапијата.

Повеќе...
 
Дознајте повеќе за што се користи туморскиот антиген - CA 72-4 Печати

CA 72-4 (карцином антиген 72-4) е гликопротеин кој е важен во дијагностиката на рак на желудник и рак на дебело црево, но не и за дијагноза на бенигните заболувања на овие органи.

Денес CA 72-4 е туморски маркер на избор за карциномот на желудникот, чија специфичност е поголема од 95%. Вредностите на овој маркер во серумот се совпаѓаат со стадиумот на болеста. Колку е стадиумот на болеста понапреднат, толку и серумските вредности на CA 72-4 туморскиот маркер се повисоки.

Повеќе...
 
Туморски маркер - карциноембрионален антиген (CEA) Печати

CEA е еден од првите користени туморски маркери. Спаѓа во групата на онкофетални антигени кои се нормално излачуваат во ембрионалниот и феталниот развој.

Кај возрасните се наоѓа во многу ниски концентрации, но туморите можат да го излачуваат во големи количини. CEA е гликопротеин, кој е поврзан со плазма мембраната на туморските клетки од каде може да се пропушта во крвта.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 Следно > Крај >>