• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Поставување на дијагноза на херпес симплекс инфекцијата Печати

Сомнежот за постоење на генитален херпес се поставува врз основа на анамнестичките податоци кои ги дава пациентот. Присутните симптоми и знаци на болеста, како и информацијата за здравјето на сексуалниот партнер може да го наведе лекарот да помисли на можна инфекција со ХСВ вирусот.

Дијагнозата се поставува со лекарскиот преглед, а се потврдува со дијагностички тестови, како земање на брис од активната кожна раничка за цитолошки преглед или за имунофлуоресцентен тест.

Повеќе...
 
Лекување на гениталниот херпес Печати

Не постои каузален лек за лекување на гениталниот херпес. Практично, тоа значи дека за сега не постои лек кој може да се земе, да се изпие или да се намачка, кој би ја излечил оваа болест засекогаш.

Антивирусни лекови кои се користат во третманот на гениталниот херпес се:

  • Acyclovir (Zovirax) ги лекува првите и/или доцните епизоди на гениталните кожни промени,
  • Famciclovir (Famvir) ги лекува доцните епизоди на гениталниот херпес и помага во спречувањето на повторни епизоди на кожни промени,
  • Valcyclovir (Valtrex) ги лекува доцните епизоди на гениталниот херпес.
Повеќе...
 
Превенција на гениталниот херпес Печати

Кондомот не штити целосно од херпес и за да дојде до заразување со ХСВ вирусот не е неопходна пенетрација. Вирусот може да се пренесе и за време на предиграта со партнерот, бидејќи постои близок контакт на кожа со кожа, или да се пренесе во тек на орален секс.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>