• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како се лекува ХПВ инфекцијата? Печати

Не постои лек за инфекција со хуман папиломавирус (ХПВ). Најголем број од лицата заразени со ХПВ немаат потреба од посебно лекување, бидејќи самиот организам кај нив се ослободува од вирусот.

Се смета дека важен фактор во борбата против инфекцијата е зајакнувањето на имунитетот. Затоa се препорачува јакнење на имунитетот со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (Фолацин 5мгр. таблети), престанок на пушењето, намалување на стресот, и доволно одмор, сон и шетање.

Повеќе...
 
Гениталните брадавици и бременоста Печати

Повеќето од жените кои порано имале генитални брадавици (но во моментот ги немаат) нема да имаат проблеми за време на бременоста или кога ќе се пораѓаат. Но, доколку гениталните брадавици се појават за време на бременоста, тие можат значително да пораснат и да прокрварат.

Повеќе...
 
Како да се заштитиме од ХПВ инфекција Печати

За оние лица кои се сексуално активни, спречувањето на инфекцијата може да биде тешко бидејќи повеќето од нив воопшто не знаат дали се инфицирани. Сепак постојат бројни начини како да се намали ризикот од инфекција, а меѓу нив спаѓаат:

  • Кондомите можат да обезбедат некаква заштита од ХПВ, но тие не се 100% ефикасни, бидејќи преносот на ХПВ претежно е преку кожа-кожа контакт. Вирусот може да ја зарази кожата која не е покриена со кондом.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>