Совети за полесно да се откажете од пушењето! |
|
Како да се откажам од пушењето?
Никој не вели дека откажувањето од пушењето е лесно, особено ако сте пушеле редовно, подолго време. Веројатно ќе треба да се соочите со „глад“ за цигари особено во одредени ситуации, и заради зависноста од никотинот.
Еве една анегдота која ја кажал познатиот писател Mark Twain: „Откажувањето од пушење е лесно. Јас сум го сторил тоа илјада пати.“
|
Повеќе...
|
Што се случува ако го намалам пушењето? |
|
Не постои сигурно ниво на пушење и во реалноста ова не функционира. Се покажало дека луѓето кои го редуцирале бројот на цигарите вдишуваат повеќе дим од секоја цигара, вдишуваат подлабоко и го задржуваат подолго во белите дробови.
Тоа значи дека тие всушност примаат иста количина на никотин и други хемиски супстанци, од помалку цигари. Слично се случува и ако го смените брендот преоѓајќи на бренд со пониска содржина на никотин (ултра лајт варијанти). |
Пушењето ја намалува плодноста и кај мажите и кај жените |
|
Машките пушачи имаат помал број на сперматозоиди и повеќе абнормални сперматозоиди, во споредба со непушачите.
Женските пушачи имаат повеќе проблеми да останат бремени, во споредба со непушачите и имаат поголем процент на спонтани абортуси во тек на бременоста. Кај бремените жени пушењето може да го оштети плодот.
|
Повеќе...
|
Пушењето може да го зголеми ризикот и за појава на многу немалигни заболувања |
|
Зголемен ризик за кардиоваскуларни и мозочни заболувања.
Пушењето за десет пати го зголемува ризикот за смрт, предизвикана од мозочен или срцев удар.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>
|