• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
5 препораки за превенција на рак на бели дробови Печати

1. Откажи се од пушење – СЕГА!

Пушењето фактор е број 1 на ризик за настанување на белодробниот карцином.

Околу 90% од белодробните карциноми кај мажите и околу 83% од белодробните карциноми кај жените се предизвикани од тутуновиот дим, било да е тој внесен активно, преку пушење или пасивно, преку престојување во простории каде се пуши (пасивни пушачи).

Повеќе...
 
Диететски совети по направена оперативна ресекција на желудникот Печати
  • Доручекот е задолжителен.
  • Наутро, веднаш по станувањето се зема чаша лимонада со малку шеќер или чај со лимон.
  • Доколку пациентот има апетит, ведаш по лимонадата (доколку нема малку покасно) треба да земе сендвич со сирење или месo, со една лажичка путер намачкан на парче леб од претходниот ден или тврдоварено јајце и тост.
  • Мармалад, џем или мед никогаш не се јадат за доручек.
  • За доручек може да се јаде густа јака супа со тестенини или ориз и зеленчук, со исецкано месо, кисела павлака и слично.
  • Киселите млечни напитоци се земаат само со другите намирници, никогаш самостојно.
  • Во текот на денот се јадат густо варени јадења, супи и слично и најдобро е храната да се подели во повеќе дневни оброци.
  • Мешункастиот зеленчук (грав, грашок) лошо се поднесуват, а исто така, и печурките, свежите салати и свежото овошје, па најчесто тие се консумираат како варени и пасирани (без кората).
  • Витаминот Ц се додава во вид на таблети.
  • Треба да се избегнуваат многу засладени напитоци, како и газирани сокови и минерална вода.
 
Препораки за исхрана на болните од рак при појава на одредени симптоми Печати

Отежнато џвакање

  • Не се зема цврста храна,
  • Се препорачуваат високоенергетски течни напитоци како додатоци во исхраната,
  • Се препорачуваат мали, чести оброци, кои се земаат со сламка,
  • Се користат оброци со голема енергетска густина.
Повеќе...
 
Препораки во врска со исхраната за спречување на ракот (Светски фонд за истражување на ракот) Печати
  • Исхраната треба да ја сочинуваат воглавно намирници од растително потекло, пред се овошје и зеленчук и интегрални житарици, минимално преработени,
  • Одржување на нормална телесна тежина,
  • Секојдневни физички активности (најмалку еден час шетање дневно и вежбање еден час неделно),
  • Дневно внесување на овошје и зеленчук од 400 до 800 грама (или 5 и повеќе порции) во текот на целата година,
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Прочитајте и: