• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Совети за поздрав почеток на новата година Печати

Во текот на Новогодишните и Божиќните празници се организираат многу друштвени прослави и дружења со најблиските. Сите знаеме дека во средиштето на овие дружења е храната.

Лошото комбинирање на храната, односно, внесувањето на јагленохидрати и белковини во ист оброк, има за последица лошо варење на храната, надуваност, стварање на гасови, киселини во желудникот, поспаност. За разградување на јагленохидратите (на пример компирот) потребни се бази, а за разградување на белковините (месо, млечни производи) потребни се киселини.

Повеќе...
 
Дванаесет совети за да се спречи ракот Печати

Здравите луѓе обично помалку мислат за болестите, па така и за ракот, додека болните се многу заинтересирани да го подобрат своето здравје и да ја победат болеста.

За да ја спречиме болеста, мораме навреме да превземеме одредени мерки, кои не се ни малку комплицирани.

Постојат многу истражувања за тоа што се може да го намали ризикот за настанување на ракот или што се им помага на веќе заболените од рак во борбата против оваа сериозна болест.

Повеќе...
 
Еко терапија - Алтернативна метода за лекување на депресија Печати

Алтернативната метода за лекување на депресија, т.н. еко-терапијата се почесто ја препорачуваат и лекарите-специјалисти. Еко-терапија е всушност прошетка или работење во природа.

Депресијата може да биде предизвикана од повеќе причини. Но и откривањето дека сме болни од малигно заболување, може да не доведе да западнеме во депресивна состојба.

На пациентите со полесни и потешки видови на депресија, како дополнителна терапија им се препорачува секојдневно шетање низ парк, во блиските шуми или работење во природа, како на пример садење на цвеќиња и слично.

Повеќе...
 
Зошто луѓето пушат? Печати

Пушењето е штетна навика која доведува до зависност!

Пушачите често велат дека пушењето ги смирува, особено кога се во наоѓаат во некоја стресна ситуација, но и дека пушењето ја пoдобрува нивната концентрација. Луѓето пушат кога се вознемирени, уплашени, кога се во исчекување на некоја вест, кога се нерасположени, осамени. Но, често луѓето пушат и кога се чувствуваат задоволни, кога се на прослави и во друштво со своите пријатели. Во тие ситуации пушачите велат дека цигарите го подобруваат нивното и така добро расположение.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Прочитајте и: