• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Рак на тестис и дали е тој излечив? Печати
Пред 1 година поради тумор ми е изваден левиот тестис. По операцијата, по препорака на мојот онколог примав два циклуси на хемотерапија. Потоа следуваа редовни контроли на секои 3 месеци. Сега сум добар, но кај мене постои страв од повторување на болеста. Каков е успехот од третманот на карциномот на тестисот и дали е тој излечив?
Повеќе...
 
Дали ракот на дојката се наследува? Печати
Имам 34 години. Мојата мајка, а и мојата баба беа оперирани од рак на дојка. По операцијата и двете примаа дополнителна терапија на Институтот за радиотерапија и онкологија. Сум слушнала дека ракот на дојката може да биде наследен. Дали треба да направам некои испитувања и кои?
Однапред ви благодарам.
Повеќе...
 
Дали ракот е заразна болест и дали може да се пренесе на друг? Печати
Вака, прво не знам дали на вистинско место прашувам, ама барав сегде и ова ми се виде како најсоодветно место за моето прашање: Бремена сум 21 недела после 4 годишна макотрпна борба со неплодност, а мојата бременост е исто така високо ризична. Свекрвата е оперирана од рак на дојката пред 2 години,а сега е констатиран тумор на јајникот кој е проширен на цревата и и се собира вода во стомакот. Ја одбија за операција и сега на сето ова јас сум избезумена, знам дека ништо не е заразно, но ве молам да ми кажете дали постои ризик за бебето, некој вирус или не знам што повеќе... или преку плунката, дали постои опасност-мојата ситуација ме натера од се да се плашам.
Благодарам однапред на одговорот - се надевам ќе ме смирите.
Повеќе...
 
ВАШИ ПРАШАЊА: Полипи на дебелото црево Печати
Дали треба полипите да ги вадам. Имам 73 години и рак на простата откриен пред 3 год и 6 месеци, кој се одржува под контрола со декапепсил и флутамид. Имав постојано ПСА по 1,00 а прошлиот месец ПСА = 2,3.
Повеќе...
 
Трансуретрална ресекција и интравезикална хемотерапија со mitomycin Печати
Пред една недела ми беше откриен тумор во мочниот меур. Советуван ми е хируршки зафат, трансуретрална ресекција на туморот. За неполна година дена ми беа направени 3 вакви зафати. Постоперативните наоди покажаа дека се работи за површински тумори на мочниот меур. По претходните трансуретрални ресекции не ми беше советувана дополнителна терапија. Овој пат мојот уролог ми советува интавезикална терапија со цитостатик, mitomycin, ведаш по трансуретралната ресекција на туморот.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 Следно > Крај >>