• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Засипнатост на гласот – можен знак за рак на гркланот? Печати
Веќе подолго време имам засипнат глас. Бев на лекар и тој ми препиша антибиотска терапија, претпоставувајќи дека се работи за бактериска инфекција и акутно воспаление на гласните жици. Но, и по примањето на антибиотската терапија, засипнатоста на гласот не ми се повлече. Таа трае повеќе од 2 масеци. Се плашам да не е нешто сериозно, бидејќи сум слушнал дека засипнатоста, доколку долго трае може да биде знак за постоење на полипи или дури и рак на гласните жици.
Би ве молел да ми кажете нешто повеќе за симптомите на ракот на грлото и за тоа дали треба да направам некои дополнителни испитувања.
Неизвесноста и стравот ме измачуваат.
Повеќе...
 
Промени на десниот тестис? Каде да се обратам за преглед? Печати
По гледањето на вашиот прилог за ракот на тестисот, кој одеше во рамките на емисијата Журнал на Сител телевизија, почнав малку да се загрижувам, бидејќи веке повеќе години напипувам безболна тврдина на десниот тестис, која е безболна и која до сега не растеше. Но, во последниов месец дена, промената се зголемува, па затоа и ме загружува. Ве молам да ми кажете каде да се обратам за овој проблем и кои испитувања е потребно да ги направам.
Повеќе...
 
Проширени вени на тестисот? Печати
При допир на десниот тестис, напипувам проширени вени. При преглед кај уролог, ми беше и кажано дека се работи за проширени вени на тестисот.
Ве молам да ми кажете колку е тоа опасно и дали треба да се лекува, а и во што се состои лекувањето, доколку е тоа потребно.
Повеќе...
 
Зошто ми се препишани два различни опиоиди за лекување на болката? Печати
Имам рак на простата, кој е проширен и во коските. Мојот онколог, кој ме води, ми препиша хормонска терапија за ракот на простатата, како и терапија за коскените метастази со лекови т.н. бисфосфонати, но и лекови за намалување на болката препичани ми се два различни опоиди.
Имам хронична болка и повремени епизоди на јака болка, кои траат кратко време, околу еден час. Мојот онколог за намалување на болката ми препиша два различни опоиди. Зошто ми се препичани два различни опоиди за болката?
Повеќе...
 
Што е тоа хронична и пробивна (breakthrough) болка и како се лекува? Печати
Имам рак на пенисот, кој е проширен и на коските и во белите дробови. Првично беше направена пенектомија, односно оперативно отстранување на туморот на пенисот, но покасно испитувањата покажаа дека болеста се пренела и на коските и во белите дробови. Кај мене беше спроведена цитостатска терапија, како и терапија за коските со лекови бисфосфонати, која е сеуште во тек. Но, и покрај тоа имам хронична болка во коските, но и покрај таа постојаната болка, во текот на денот ми се јавуват и напади на јака болка, кои траат некое време, а потоа исчезнуваат.
Би ве замолил да ми кажете нешто повеќе за хроничната болка и нападите на јака болка и како тие се лекуваат.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 Следно > Крај >>