• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Полипи на матката Печати

Имам 46 години. Во последно време имам нередовни менструации и често обилни крварења при менструација. Бев на гинеколог и на преглед ми беа откриени полипи на матката. Би сакала да ми кажете што се тоа полипи на матката и дали се опасни.

Повеќе...
 
Дали КТ скенот е безбеден? Печати

На ехотомографскиот преглед на абдоменот видени ми се зголемени лимфни јазли околу аортата. Мојот лекар ми препорача да направам КТ скен. Ме интересира дали КТ скенот е безбеден и дали при КТ скенирањето организмот е изложен на големо зрачење.

Повеќе...
 
Болка во тестисот Печати
Веќе неколку дена со ред ме боли десното јајце. Не можам ни да го допрам. Кога е стегнато (потиснато) ме боли многу, а кога не го фаќам исто ме боли ама помалку. Болката веќе ми станува преокупација. Имам 15 години и ми е срам да и кажам на мајка ми. Ве молам кажете што може да биде, и како се лечи?
Повеќе...
 
Како да ја решам фимозата? Печати

Имам проблем со фимоза кој дури сега се одлучив да го решавам. На вашиот портал најдов навистина голем број на информации и сум импресиониран од оваа можност за online консултации. Па би ве запрашал дали е можно лекување на фимозата без хируршки зафат, бидејќи навистина ми е ризично тоа, а и се работи за осетлив орган кај мажите. Имам сознанија дека може да се избегне хирургија па би ве замоли за ваш совет.

Повеќе...
 
Циста Печати
Имам еден проблем кој што се влечка веке 3 скоро 4 години, имам циста на горниот вагинален зид, или цистис парауретралис трансвагиналис. По пункцијата и обработените тестови, тумор маркерите и цитолошките наоди се негативни, само е најдена бактерија стрептокока Б, и веднаш ми е вбризгано после пункцијата гарамицин антибиотик, со што следеше од 7 дневна терапија со апмицилин. Ми кажаа дека од кога ќе се породам со детето ќе мора хируршки да ми ја отстранат зошто таа и понатака ќе се полни.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>