• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Древни вештини - акупунктура Печати

Акупунктурата е стара кинеска медицинска вештина. Према кинеското верување, две основни енергии - yin и yang кружат низ меридијаните на нашето тело. Тие невидливи канали пресекуваат 365 точки на површината на кожата. Со акупунктурата се делува на овие точки со што се постигнува равнотежа на yin и yang енергијата и ублажување на здравстевените проблеми.

Акупунктурата се состои од забодување на многу тенки, метални игли во кожата, во точно одредени точки на телото. Целта е да се смени протокот не енергијата во телото, така да тоа самото се излечи.

Повеќе...
 
Ароматерапија - мирисите позитивно влијаат на човекот Печати

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата.

Иако обично се ослонуваме на она што ќе го видиме и чуеме, мирисите имаат важна улога во нашиот живот. Мирисните екстракти од растенијата (етеричните масла) низ векови, па и денес, се користат за лековити цели. Така, додека лавандата релаксира и смирува, еукалиптусот го бистри умот и дава енергија.

Повеќе...
 
Терапија со масажа - придобивките од масажата Печати

Терапијата со масажа е една од најстарите методи на лекување и се смета дека се користи околу 5000 години. Корените на масажата потекнуваат од источно Кинеската култура, која уште пред 4700 години ја користела масажата за намалување на болката. Во гробниците на Старите Египќани се пронајдени цртежи на кои е прикажана масажата. Во традиционалната Индиска медицина постои техника позната како Ayurveda која се практикувала со користење на различни ароматични масла. Дури и големите грчки и римски јунаци, често ја користеле масажата. Познато е дека Julius Caesar ја користел масажата за намалување на нервната напнатост и стрес.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Најчитани текстови