• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Претставување на Rak.mk за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија

Македонскиот портал за ракот учествува во овогодинешниот избор за Награда на Светскиот самит за информатичко општество во категоријата е-здравство. Презентацијата на проектот пред официјалното жири се одржа на 23.12 во просториите на Стопанската комора на Македонија. Се работи за глобална иницијатива за избор и промоција на е-содржини и проекти која е организирана од страна на Обединетите Нации.

Повеќе...
 
Одржана првата прес конференција на здружението „Здрава Простата“

На 16.12.2008 година, во „Best Western“ се одржа првата прес конференција на здружението „Здрава Простата“. На конференцијата присуствуваа претставници од многу медиуми.

Македонскиот портал за ракот е главен иницијатор за формирањето на здружението „ЗДРАВА ПРОСТАТА“. Тој е негов промотор и постојан поддржувач.

"Ракот на простатата е излечива или хронична болест. Доколку се открие во раните фази болеста е излечива во над 90 проценти. Кога се открива во понапреднатите стадиуми, кога дури и метастазира, односно кога најчесто ги зафаќа коските, ако адекватно се лекува таа може да биде хронична болест и пациентите да имаат долг квалитетен живот", истакна д-р Лилјана Ацева-Андонова , специјалист радиотерапевт и онколог и иницијатор за формирање на здружението "Здрава простата".

Повеќе...
 
Историска-интерактивна програма Stand Up to Cancer, ТВ шоу

Петок навечер, 5 септември 2008 година, неколку големи американски ТВ мрежи ќе донираат еден час од својата програма за креирање на историска-интерактивна програма, обединувајќи го светот со помош на Stand Up To Cancer, вклучувајќи:

Настап на легендарни музичари. Преку 50 од најголемите имиња на телевизијата, филмот, спортот и музиката ќе одговараат на телефонските јавувања од гледачите кои сакаат да донираат средства.

Повеќе...
 
Мараја Кери во борба против ракот со хуманитарна песна

Петнаесет од најпопуларните женски вокали во Америка, вклучувајќи ги Мараја Кери (Mariah Carey), Бијонси (Beyonce) и Леона Луис (Leona Lewis), се заедно вклучени во снимањето на нова хуманитарна песна.

Профитот од проектот Just Stand Up, каде се вклучени и Наташа Бедингфилд (Natasha Bedingfield) и Риана (Rihanna) ќе се искористи за нови истражувања на полето на ракот и борбата против него.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 Следно > Крај >>