• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Хуманитарната акција на Самосвест во медиумите

На 20 ноември на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа Проектот „Дојди! Подари радост.“ Главна активност во рамките на проектот беше организирање на шопинг на донирани вредни предмети како облека, играчки, едукативни материјали, домашен инвентар и други потребни предмети за секојдневна употреба. Во рамките на оваа хуманитарна акција се одржаа и две аукции каде се продаваа предмети донесени од страна на познати личности од македонската јавна сцена. Дознајте повеќе за одржаниот настан преку пишувањата во неколку наши весници.

Повеќе...
 
Обама ги укинал ограничувањата за истражување на матичните клетки

Американксиот председател, Барак Обама, ја потпишал извршната одредба со која се укинува ограничувањето за користење на федерални средства за истражување на ембрионалните матични клетки. Обама, на церемонијата на попишување во Белата Куќа, признал дека истражувањето на матичните клетки од ембрионот е контроверзно, но нагласил дека, по долга расправа и размислување по тоа прашање, било јасно што треба да се направи. Тој додал дека повеќето Американци го поддржуваат истражувањето, а тоа го потврдуваат и најновите анкети.

Повеќе...
 
Ноември - Национален месец за подигање на свеста за ракот на белите дробови!

Националниот месец на ракот на белите дробови е национална кампања за подигање на свеста за сите аспекти на ова сериозно и често малигно заболување. Целта е подобра едукација на светската популација за важноста на превенцијата, но и за важноста на раното откривање на болеста и нејзиното навремено лекување.

Повеќе...
 
Дојди! Подари радост. - Самосвест, есенска распродажба

Ве покануваме да земете учество на голем хуманитарен настан. Ајде да собереме финансиски средства и да ги подариме на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле и Универзитетската клиника за детски болести.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>