• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Отворен повик за волонтери

Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“ подготвува проект по повод „Март – Светски месец на Рак на дебелото црево“. Проектот содржи повеќе интересни активности, кои ќе се спроведат во текот на месец март. За поуспешно организирање на овој проект потребни ни се ентузијасти волонтери, кои ќе помогнат за реализирање на проектот.

Бидете дел од овој несекојдневен проект. Ќе се дружиме, забавуваме и што е најважно ќе дознаеме повеќе како да си го зачуваме и подобриме своето здравје.

Повеќе...
 
„Март - Месец на Рак на дебелото црево 2011, „САМОСВЕСТ“ издаде нов едукативен материјал

По повод одбележувањето на „Март - Светски месец на Рак на дебелото црево 2011“, Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“ издаде нов информативно - едукативен материјал: флаер и постер за ракот на дебелото црево. Целта е да се подобри информираноста на сите граѓани на Р. Македонија за ракот на дебелото црево, втор водечки убиец од рак во светот, кој може многу успешно да се спречи и рано открие.

Повеќе...
 
САМОСВЕСТ го одбележа Светскиот ден на ракот 2011

Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“ по втор пат го одбележа Светскиот ден на ракот со отворена трибина, која се одржа во салата на Црвен крст на град Скопје. На овој начин „САМОСВЕСТ“ се вклучи во Светската кампања, која се спроведува во преку 120 земји ширум светот, а која има за цел да ги информира сите луѓе на нашава планета за важноста на превенцијата, скринингот, раното откривање и навременото лекување на ракот.

Повеќе...
 
Самосвест донира инхалатори на Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле

Скопје, 29.12.2010. Со средствата собрани од Есенската хуманитарна распродажба, која ја организираше Центарот за здрав живот САМОСВЕСТ беа набавени и донирани 30 инхалатори за JЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле, во Скопје.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>