• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Тераписки вакцини за рак – стимулатори на имунолошкиот систем

Тераписките канцерски вакцини се нова класа на високо активни, специфични имунотераписки агенси кои го стимулираат специфичниот имунолошки одговор на пациентот против туморот.

Канцерските вакцини имаат структура слична на антигените против туморот и можат да произведат јак имунолошки одговор. По давањето на вакцината, организмот развива антитела, кои го препознаваат туморот и го уништуваат.

Повеќе...
 
Прва дозвола за клонирање на човечки клетки

Австралиската Влада им ја издала првата дозвола на своите научници за клонирање на човечки ембриони и за обид за создавање матични клетки од ембрион, кои би биле користени за тераписки цели.

До сега научниците од цел свет произвеле нешто слично на ембрионални матични клекти користејќи различни техники, но никој до сега не можел да извлече ембрионална матична клетка од клониран човечки ембрион.

Повеќе...
 
Нова ласерска операција на тумор на мозок, без отварање на черепот

Француските научници успеале да уништат метастатски тумори во мозокот со помош на ласер, без отварање на черепот и контролирајќи ја операцијата со помош на магнетна резонанца.

Повеќе...
 
Матични клетки - нова ера во модерната медицина

Матичните клетки (стем клетки) се предмет на бројни истражувања во доменот на медицината и молекуларната биологија. Научниците ширум светот ја испитуваат способноста на овие клетки да го обноват оштетеното ткиво. Истражувањата на матичните клетки покренаа многу научни прашања и задачи.

Успехот во користењето на матичните клетки од коскената срцевина за лекување на леукемиите и пореметувањата на имунолошкиот систем ја зголемиле надежта дека овие клетки би можеле да се користат за лекување на многу, моментално неизлечиви болести.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>