• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Ген за рак на дебело црево карактеристичен за Европејците

Британските научници од Универзитетот во Единбург откриле три нови гени што се поврзани со зголемен ризик од појава на рак на дебелото црево, меѓу кои и еден карактеристичен за точно одредена раса, тврдат британските медиуми.

Тие забележале дека еден од откриените гени претставува фактор за зголемен ризик од појава на рак кај лица со европско потекло, но не и кај Јапонците. Се смета дека оваа отпорност се должи на здравиот начин на исхрана што го практикуваат азиските народи.

Научниците се надеваат дека откривањето на вкупно седум гени (три беа претходно познати) што се поврзуваат со ризикот од појава на рак на дебело црево, ќе овозможи да се предвиди кои луѓе припаѓаат на посебно ризичната група.

Повеќе...
 
Нов експериментален лек - надеж за болните од рак на простата
alt

П

рвичните охрабрувачки резултати од раната клиничка студија покажале дека експерименталниот лек abiraterone може значително да го намали карциномот на простатата, кај пациенти кои не дале одговор на другите терапии.

Во клиничката студија која ја водат научниците од Royal Marsden NHS Foundation Trust и Institute of Cancer Research биле вклучени 21 пациенти со напреднат стадиум на карцином на простата, кои веќе не давале позитивен одговор на хормонската терапија. Кај нив била спроведена терапија со abiraterone, кој се давал во вид на орална таблета, еднаш дневно.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 201 202 203 204 205 Следно > Крај >>

Најчитани наслови