• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Исхрана


Дали е вегетаријанската исхрана здрава? Печати

Благотворното делување на вегетаријанската исхрана е докажано во бројни научни студии. Ваквата исхрана е здравствено прифатлива и може да ги обезбеди сите потребни нутритиенти, но само ако е правилно испланирана.

Повеќе...
 
Како правилно да се избалансираат нутритиентите во вегетаријанската исхрана? Печати

Лицата кои од својата исхрана ги исфрлиле сите животински производи (вегани), може да имаат потешкотии при задоволување на своите дневни потреби за протеини, цинк и железо. Месото и млечните производи се „практичен“ извор на овие нутритиенти, а исхраната, која ги исклучува овие намирници, бара повеќе планирање. Општо, колку е исхраната порестриктивна, толку е поголема и веројатноста дека ќе се јави недостиг на некои нутритиенти. Затоа овде е од исклучетелна важност првилното планирање на исхраната, посебно кај веганската исхрана. Вегани или чисти вегетаријанци се оние кои јадат исклучиво растителна храна, а не јадат месо, млеко, јајца, ниту било која друга храна од животинско потекло. Сепак и овие лица, доколку правилно ја избалансираат исхраната, може со неа да ги обезбедат сите потребни нутритиенти.

Повеќе...
 
Комбинирање на протеинската храна во исхраната на вегетаријанците Печати

Комбинирањето на протеинската храна е од огромна важност за постигнување на адекватен внес на протеини во исхраната на вегетаријанците. Всушност, се работи за комбинирање на расителна храна која содржи различни количини на есенцијални аминокиселини. Внесот на есенцијални аминокиселини е многу важен, бидејќи организмот нив неможе да ги синтетизира, а аминокиселините се градежни елементи на протеините. На пример, легуминозите (грав, леќа, соја) содржат многу малку аминокиселини кои содржат сулфур, но затоа пак се богати со аминокиселина лизин. Житариците се со потполно спротивен состав. Кога се комбинират легуминозите и житариците се постигнува склад на аминокиселинскиот состав.

Повеќе...
 
Разлика меѓу козјото и кравјото млеко Печати

Козјото млеко се разликува од кравјото по бојата, вкусот и мирисот. Козјото млеко содржи помалку натриум, а повеќе калиум и хлориди. Содржи помалку железо, фолати и витамин Д, па доенчињата кои се на исхрана само со козјо млеко можат да заболат од еден вид на анемија, т.н. мегалобластна анемија, која се јавува како последица на недостаток на фолати и витамин Б12. Поради опасноста од бруцелоза, козјото млеко треба да се свари веднаш после молзењето.

Повеќе...
 
Prof. Lena Hulthén: Младите мажи конзумираат алармантна количина на сол Печати

Пресолената храна може да предизвика кардиоваскуларни проблеми и мозочен удар.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 6 од 71