• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Цитрус коктел за здрав почеток на денот и детоксикација на организмот

Ако сте биле во текот на работната недела изложени на стрес, на неправилна исхрана или сте имате потешкотии со варењето на храната, предложуваме „викенд“ детоксикација на организмот со вкусните мандарини.

Повеќе...
 
Дали е вегетаријанската исхрана здрава?

Благотворното делување на вегетаријанската исхрана е докажано во бројни научни студии. Ваквата исхрана е здравствено прифатлива и може да ги обезбеди сите потребни нутритиенти, но само ако е правилно испланирана.

Повеќе...
 
Како правилно да се избалансираат нутритиентите во вегетаријанската исхрана?

Лицата кои од својата исхрана ги исфрлиле сите животински производи (вегани), може да имаат потешкотии при задоволување на своите дневни потреби за протеини, цинк и железо. Месото и млечните производи се „практичен“ извор на овие нутритиенти, а исхраната, која ги исклучува овие намирници, бара повеќе планирање. Општо, колку е исхраната порестриктивна, толку е поголема и веројатноста дека ќе се јави недостиг на некои нутритиенти. Затоа овде е од исклучетелна важност првилното планирање на исхраната, посебно кај веганската исхрана. Вегани или чисти вегетаријанци се оние кои јадат исклучиво растителна храна, а не јадат месо, млеко, јајца, ниту било која друга храна од животинско потекло. Сепак и овие лица, доколку правилно ја избалансираат исхраната, може со неа да ги обезбедат сите потребни нутритиенти.

Повеќе...
 
Комбинирање на протеинската храна во исхраната на вегетаријанците

Комбинирањето на протеинската храна е од огромна важност за постигнување на адекватен внес на протеини во исхраната на вегетаријанците. Всушност, се работи за комбинирање на расителна храна која содржи различни количини на есенцијални аминокиселини. Внесот на есенцијални аминокиселини е многу важен, бидејќи организмот нив неможе да ги синтетизира, а аминокиселините се градежни елементи на протеините. На пример, легуминозите (грав, леќа, соја) содржат многу малку аминокиселини кои содржат сулфур, но затоа пак се богати со аминокиселина лизин. Житариците се со потполно спротивен состав. Кога се комбинират легуминозите и житариците се постигнува склад на аминокиселинскиот состав.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Прочитајте и: