• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сок од мандарина - совршен избор за свеж почеток на денот

Мандарините се овошје од групата на цитруси (агруми). Тие извонредно добро се сложуваат со јаболките, крушите, портокалите, лимоните, јатчестите плодови.

Цитрусите (лимон, портокал, мандарина) се намирници кои допринесуваат за подобро здравје и убавина. Често пати, поради постоење на некое заболување, лекарите мораат да исклучат некои намирници од исхраната на болниот. Токму тогаш, за да се обезбеди потребниот минерално витамински оптимум во организмот, се користат лимонот, портокалот, мандарината и сличните витални намирници.

Сокот од мандарината содржи доста калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк и бакар, и изобилува со антиоксидативни фитохемикалии.

Мандарината по својот состав е многу слична на портокалот. Во 100 g мандарини има 30 mg витамин Ц (100 g портокал има 50 mg витамин Ц), а тука се и витамините од Б групата, минералите калциум, магнезиум, цинк, па дури и 160 mg калиум, минерал кој е, покрај другото, заслужен и за правилната работа на срцето.

Генерално, агрумите имаат многу мала енергетска вредност. Така, 100 g мандарини имаат само 34 kcal. Треба да се истакне дека мандарините се богати и со растителни влакна, кои ги вбројуваат мандарините во намирници корисни за правилното варење на храната.

Најважни фитохемикалии на мандарината се флавоноидите и терпеноидите, а жолтеникавата боја потекнува од ксантофилот. Мандарината, значи, во својот состав има бета каротини, а со разградувањето на бета каротините се синтеизира витаминот А кај човекот, кој витамин е заслужен за добриот вид и нежната и еластична кожа.

Утрински сок

Свежо исцеден сок од мандарина е совршен избор за свеж почеток на денот. Во 100 g сок од мандарина има 180 mg калиум, 18 mg калциум, 8 mg магнезиум, 14 mg фосфор, a тука се и железото, цинкот, бакарот и изобилство на антиоксидативни фитохемикалии.

Ако сте биле во текот на работната недела изложени на стрес, на неправилна исхрана или сте имате потешкотии со варењето на храната, предложуваме „викенд“ детоксикација на организмот со вкусните мандарини.

Ако ги започнете саботата, неделата и понеделникот со цитрусниот коктел, кој ви го препорачуваме, ќе бидете потполно спремни за новата работна недела.

Цитрус коктел
  • 2 портокали,
  • 2 мандарини,
  • ½ лимон,
  • гранче од свежо нане.

Портокалите, мандарините и лимонот исцедете ги во соковник, заедно со свежото гранче од нане. Доколку немате свежо нане, сокот може да го разредите со 50 ml ладен чај од нане. Напомена: на децата и старите лица давајте им разреден цитрус коктел, кој содржи колку сок, толку и вода.

Во свежите мандарини и во сокот од мандарини можете да уживате, без страв дека ќе ја зголемите телесната тежина.

 

Прочитајте и: