• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зошто е важен цинкот?

Цинкот е втор, во трагови, најзастапен елемент во човековиот организам, веднаш после железото. И покрај тоа, малку луѓе знаат колку е цинкот важен за нормалното функционирање на организмот.

„Цинкот допринесува да се добро чувствуваме и да убаво изгледаме“, вели германскиот диететичар Sven David Miler. Поточно, цинкот го регулира растот на клетките, учествува во синтезата на протеините, помага во репродукцијата на клетките, го јакне имунитетот и го штити организмот од штетното делување на слободните радикали.

Каде се наоѓа цинкот

Ако сакате да бидете здрави во текот на зимските месеци од годината, јадете намирници кои се богати со цинк. Природни извори на цинк се: соја, семки од тиква, сирење, пивски квасец, говедско месо, школки, ракови, грашок и многу други видови на зеленчук и овошје.

Правилна исхрана и таблети

За да организмот редовно ја добива потребната количина на цинк, неопходна е здрава исхрана. Но, за да спречите настанување на болести или за да го забрзате нивното излекување, често не е доволна адекватната исхрана. Во текот на есента и зимата, би било корисно да во тек на период од 6 до 8 недели земате 10-20 mg цинк дневно, во форма на таблети, бидејќи на тој начин ќе ги надокнадите количините на овој минерал, кои му се неопходни на вашиот организам.

Цинкот го јакне имунолошкиот систем

Цинкот влијае на работата на ензимите (на пример на белковините), од кои некои делуваат во клетките на имунолошкиот систем.

„Цинкот го поттикнува стварањето на белите крвни зрнца во коскената срцевина и, истовремено, го поттикнува созревањето на Т – лимфоцитите. Т – лимфоцитите се неопходни за да може организмот да се одбрани од микроорганизмите“, објаснува Sven David Miler. Покрај тоа, цинкот го спречува воспалението и ги уништува вирусите. Тој не дозволува да се размножуваат вирусите на настинката и да продрат во телото, преку слузницата на дишните патишта. Ако го снабдуваме организмот со цинк, може да ги намалиме симптомите на настинката и побрзо да оздравиме, при што се препорачуваат дози од 10 до 20 mg цинк дневно.

Цинкот делува како антиоксиданс, а тоа значи дека ги неутрализира слободните радикали, со што спречува и развојот на рак. Покрај тоа, овој минерал го поттикнува стварањето на крвните зрнца, што е многу важно за пациентите со рак кои се на терапија со зрачење и цитостатици, бидејќи терапијата ги намалува црвените и белите крвни зрнца.

Цинкот ја јакне косата и ноктите

„Ако организмот не добива доволна количина на цинк, многу често се јавува замор и слаб апетит“, истакнува Miler.

Истовремено, цинкот го јакне видот (во случај на недостаток на цинк можно е да се јави ноќно слепило).

Покрај тоа, цинкот ги јакне ноктите. Тие стануваат цврсти и помалку кршливи.

Исто така ја јакне и косата и го намалува нејзиното паѓање. Понекогаш, токму недостатокот на цинк, кое може да предизвика намалено создавање на креатинин и колаген, е причина за зголеменото опаѓање на косата.

Колку цинк ни е потребно

Научниците препорачуваат консумирање на цинк најмалку 10-15 милиграми дневно. Потребите за цинкот зависат и од индивидуалните фактори, како што се: возраста, полот, и физичката кондиција.
За време на менструацијата, жената губи и минерали, па во овој период би требало посебно да се обрне внимание на тоа да се со храната внесува доволна количина на цинк во организмот.

На трудниците, доилките и лицата со хронични болести потребни им се 25 милиграми цинк дневно.

И на спортистите им е потребно повеќе цинк, бидејќи со еден литар пот губат до1,2 милиграми цинк. За зголемување на мускулната маса потребни се значително големи количини на цинк. Бидејќи во организмот не се ствараат резерви на цинк, мала е можноста да дојде до предозирање.

 

Прочитајте и: